Штипскиот Совет утре на вонредна седница ќе го спасува од финансиски колапс ЈП „Исар“


Советот на Општина Штип за утре ја закажа вонредната седница, на која ќе има само две точки на дневниот ред, а тоа се ребаланс на буџетот и одобрување на 18 милиони денари за ЈП „Исар“, кое е во тешка финансиска состојба и е постојано со блокирана сметка. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов пред два […]

„Нефрон“: Апелираме да се преиспита одлуката за разрешување на Јовев


Апелираме да се преиспита одлуката за разрешување на директорот, професор доктор Сашко Јовев, а за евентуално направените грешки и пропусти во работењето, доколку ги има, соодветно нека биде казнет со други мерки, но, да не се казнуваат пациентите или оние кои чекаат трансплантација, затоа што сите сме свесни дека Националната програма за трансплантација на органи […]

Еко автобуска постојка од која што се земаат пакетчиња со семиња во Општина Карпош


Нова еко автобуска постојка со зелен и воедно одржлив покрив доби градот Скопје од страна на Халкбанк АД Скопје во рамките на заложбите и активностите на банката за заштита и зачувување на животната средина, а кои што се реализираат преку платформата ХалкЕко. Новата зелeна постојка е лоцирана во Општина Карпош, спроти поранешната фабрика Алумина и […]

Мицотакис се заканува со трети избори ако не добие апсолутно мнозинство


  Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис предупреди дека земјата ќе одржи трет круг од изборите доколку во вториот круг на 25 јуни не се постигне апсолутно мнозинство за формирање еднопартиска влада. Грчката владејачка партија Нова демократија триумфираше во првиот круг од изборите на 21 мај. Сепак, не успеа да добие апсолутно мнозинство што би го отворило […]

Уписите се ближат – МОН повикува да новите средношколци да се фокусираат на стручно образование


На 20 јуни започнуваат уписите во средните училишта и јас упатувам апел до младите да се фокусираат на средното стручно образование, кое ценам дека е вистински избор и нуди поголема веројатност за добра иднина. Државата има дефицит на стручен кадар и доста работни места со солидни примања, каде се бараат квалификувани работници се непополнети. Така […]

Централните банки планираат да инвестираат во злато


Истражувањето на Светскиот совет за злато покажа дека четвртина од анкетираните 59 централни банки имаат намера да ги зголемат своите златни резерви во следните 12 месеци. Истражувањето, објавено вчера, исто така покажа дека седум од десет централни банки веруваат дека златните резерви на глобало ниво ќе се зголемат во следните 12 месеци, што е зголемување […]

Продолжува Проектот за финансиска писменост


  Продолжува јакнењето на капацитетите на Народната банка и финансиските регулатори (Министерство за финансии, Комисија за хартии од вредност, Агенција за супервизија на осигурувањето и Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување) во полето на финансиска едукација, преку соработка со еминентни финансиски институции, соопшти НБ. Започнува втората фаза на Проектот за финансиска писменост на […]

Репрезентацијата на Бразил за прв пат ќе игра во црна опрема во знак на протест против расизмот


Фудбалската репрезентацијата на Бразил за прв пат во својата историја ќе игра во црни дресови, објави „Globo“. Фудбалерите ќе излезат на терен во црни дресови со златни броеви на пријателскиот натпревар против Гвинеја. Така, играчите ќе протестираат против манифестациите на расизам, од кои една од жртвите беше нивниот член Винисиус Жуниор. Според „Глобо“, по првото […]

Лидерската средба заврши, оптимизам речиси и да нема


  Претседателите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски, ја завршија нивната лидерска средба очи во очи во Клубот на пратениците посветена на европските интеграции и односите со соседите, со минимални шанси за некакво разбирање меѓу власта и опозицијата. Особено за уставните измени.  Мицкоски отиде на средбата со ставот на Извршниот комитет […]

Кој има корист од уривањето на браната на Днепар?


  Огромната брана во областа окупирана од Русија на југот на Украина е пробиена, предизвикувајќи поплава низводно. Кој има корист од овој вандалски чин? Со оглед на тоа што двете страни, Русија и Украина, ја обвинуваат другата за пробивањето на браната, има ехо од минатогодишните необјаснети експлозии на гасоводот „Северен тек“. Во двата случаи, западните […]

Ватикан: Папата Франциско попладнево ќе има операција на абдоменот во римската болница Гемели


На папата Франциско попладнево ќе му биде извршена операција на абдоменот во римската болница Гемели, соопшти Ватикан. Оттаму додаваат дека неговиот лекарски тим одлучил дека е потребна операција и дека се очекува папата да остане во болница неколку дена заради закрепнување. Агенцијата АНСА јави дека процедурата ќе трае околу два часа и дека папата ќе […]

Меџити го повика Јовев да му биде национален советник за кардиохирургија


 Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска упати повик до разрешениот директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, проф. д-р Сашко Јовев да биде негов национален советник за кардиохирургија. – Буџетот што го наследив, беше многу дефицитарен. Имаме барање од Кардиохирургија, претходно во разговор со професорот и други колеги и со ребалансот на буџетот сум подготвен […]

Нестабилно со пороен дожд и грмежи и следните денови, температурите без поголема промена


Попладне ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 29 степени. Во Скопје попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што информира УХМР, утре […]

Се запали уште еден електричен автомобил (видео)


Пожар зафати еден автомобил Mustang Mach-E, а се случил од непозната причина. На видеото од местото на настанот, од Гдањск, Полска, се гледа дека автомобилот е делумно спасен. Како што јавуваат претставниците на државните служби, пожарот е ставен под контрола благодарение на брзата реакција, а по само неколку часа пожарот целосно бил изгаснат. За што […]

Најголемите грешки што се прават со шампињоните: Еве како се мијат и како се посолуваат


Доколку сакате да подготвите шампињони со совршен вкус, тогаш дознајте кога се измиени и посолени во следниот текст. Mожете да користите шампињони во многу јадења, тие се многу практични, но и евтини. Печурките се додаваат во пицата, салатите, рижото, од нив можете да направите предјадење… Има безброј можности, но многу е важно како ги подготвувате. […]

Скопје уникатен пример за создавање на нови градови преку промоција на светската солидарност


Скопје стана уникатен пример каде што Обединетите Нации го препознаа тој момент по разурнувањата од земјотресот и ги поканија светските архитекти и урбанисти во тоа време да се приклучат и да овозможат градот да биде прво современ и модерен, меѓутоа исто така да стане и пример како може преку промоција на концептите на светска солидарност […]

Балканот низ анегдоти: Скопје ќе ја памети книжевната вечер со Мухарем Баздуљ


Синоќа, градината на кафе-книжарницата Буква во срцето на Скопје беше сведок на прекрасна вечер посветена на креативноста на исклучителниот гостин на српскиот Културно-информативен центар СПОНА, Мухарем Баздуљ, кој го претстави актуелниот роман „Невидлив придружник“ на читателите во Македонија, неодамна објавен во издание на белградска „Лагуна“. Романот се промовира во Скопје, 15-тина дена пред официјалната промоција […]

Паника, евакуација, пожари: Војната со Украина стигна до Русија


Денеска нема отпор во Белгородската област. Областа е едноставно напуштена, а Москва не е заинтересирана за неа. Размената на зборови доволно зборува за информациската војна што се води во регионот на Белгород откако комбинацијата на континуирано гранатирање и активности на анти-Кремљ формациите Црвената армија и Легија „Слобода за Русија“ го претворија регионот што граничи со […]