Земјотресот од Бугарија ги стресе Берово и Пехчево


 Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почусвтвуван попладнево во 14 часот и 26 минути во подрачјето на Пехчево и Берово. Епицентар на земјотресот бил на 280 километри источно од Скопје, во  Република Бугарија, со Рихтерова локална магнитуда ML4.6, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Во Чаир промовиран паркот „Украина“


Во близина на општинската зграда во Чаир денеска беше промовиран паркот „Украина“. Како што информираат од општината, со промоцијата на паркот ја изразуваат својата поддршка за Украина. – Со промоцијата на паркот „Украина“ ја пренесовме пораката дека секогаш ќе бидеме со Украина и со украинскиот народ, исто како и нашите пријатели – Европската Унија и […]

Европската комисија ќе одвои 1,23 милијарди евра за помош на менталното здравје


Европската комисија денеска објави дека ќе одвои 1,23 милијарди евра за помош на менталното здравје во земјите-членки на ЕУ, со цел менталното здравје да стане столб на здравствената политика. „Денес е нов почеток за сеопфатен пристап ориентиран кон превенција и повеќе засегнати страни кон менталното здравје на ниво на ЕУ“, рече еврокомесарката за здравје и […]

Хаотични денови во Си-Ен-Ен, директорот се повлекува


  Извршниот директор на Си-Ен-Ен, Крис Лихт, се повлекува од функцијата, според извештаите објавени во средата наутро. Веста доаѓа по тешкиот мандат на Лихт како извршен директор од 13 месеци, широко критикуваното домаќинство на градско собрание со поранешниот претседател Доналд Трамп и неодамнешниот профил објавен за него во магазинот „Атлантик“ Веста за заминувањето на Лихт […]

Одбележан Светскиот ден за безбедност на храна


Годинешната тема под која се одржува Светскиот ден за безбедна храна е „Стандардите за храна спасуваат животи“. Ова е клучниот аргумент кој го имаме на ум сите ние кои сме претставници на институции кои се директно вклучени во обезбедувањето здрава и безбедна храна, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на денешната работилница […]

Дојави за подметнати бомби на неколку факултети во Белград


На адресите на неколку факултети во Белград попладнево пристигнале пријави за подметнати бомби, јавија белгрдските медиуми. Во тек се полициски проверки, а студентите и вработените се евакуирани. Според пријавите на граѓаните преку социјалните мрежи, дојави за подметнати бомби стигнале до Природно-математичкиот, Технолошко-металуршкиот и до Правниот факултет

Кутиров во Брисел: Царинската управа една од клучните алки во процесот на пристапување во ЕУ


Царинската управа со поддршка на Владата, пристапи со целосна посветеност на процесот за интеграција на нашата држава во ЕУ, преземајќи сет активности за заштита на општеството, и за олеснување на трговијата и подобрување на услугите кон економските оператори, со што ќе се постават основите за функционирање на единствениот пазар, истакна директорката на Царинската управа, Славица […]

Мајк Пенс официјално ја објави својата кандидатура за републиканската претседателска номинација


Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс, кој лојално му служеше на Доналд Трамп, но се сврте против него по нападот на Капитол во 2021 година, денеска официјално ја објави својата кандидатура за претседателска номинација на Републиканската партија за изборите во 2024 година „Секогаш ќе бидам горд на напредокот што го постигнавме заедно за посилна и попросперитетна […]

Албанија со нова еврообврзница од 600 милиони евра


 Албанската Влада ќе издаде нова еврообврзница, со која ќе се задолжи со 600 милиони евра. Министерката за финансии и економија Делина Ибрахимај,  денеска,  во изјава за медиумите,  по владината седница, изјави дека постапката се уште не е затворена. -Се очекува таа да се затвори во текот на оваа недела, а потоа ќе ги детализираме и […]

Силен земјотрес ја погоди Бугарија, почувствуван и во Грција


Бугарија денеска ја погоди силен земјотрес. Магнитудата на земјотресот е 4,6 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот е регистриран во 14.46 часот по наше време, на длабочина од 10 километри. Епицентарот бил на 146 километри од Софија, односно на 15 километри од Пловдив. Земјотресот е почувствуван и во Грција. „Тресењето беше силно, но не траеше долго“, […]

Шаќири: Во Собрание се законските измени за овозможување образование на малолетниците во воспитно-поправните установи


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири информираше дека до Комисијата за образование, наука и спорт во Собранието се стигнати измените на Законот за основно образование, почнати во февруари годинава, со цел трајно решение за регулирање на формалното образование на малолетниците во воспитно-поправните и казнено-поправните установи. Посочи дека на предлог на МОН, Владата дала одобрение […]

Инфлацијата се намалува, но и натаму е двоцифрена – во мај беше 11,3 отсто на годишно ниво


  Годишната стапка на инфлација во мај, мерена преку порастот  на трошоците на живот изнесуваше 11,3 отсто, покажуваат податоците што ги објави денес Државниот завод за статистика. Како што посочија статистичарите, за толку се зголемени трошоците за живот во мај годинава во однос на истиот месец лани. Во исто време цените на мало бележат зголемување […]

ДУИ прифаќа да не биде во Владата за да се изгласаат уставните измени


  Демократската унија за интеграција не е против идејата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да си излезе од Владата за да се изгласаат уставните измени. ДУИ преку министерот за надворешни работи и портпарол на партијата, Бујар Османи, со објава на Фејсбук соопшти: „ДУИ е подготвена да поддржи Влада без ДУИ до избори доколку опозицијата […]

Бислимоски: Си ја завршивме домашната во енергетиката, ЕУ треба да ни даде поголема финансиска стимулација


Европската Унија треба да има мотивирачки пристап кон земјите кои си ја имаат напишано домашната задача. Ние како земја ги имплементиравме бараните реформи во енергетиката и го спроведовме пакетот на директиви и регулативи од Третиот енергетски пакет и затоа треба да добиеме поголема финансиска стимулација која ќе се насочи кон инвестиции кои, пак, ќе донесат […]

Овошје кое жените по педесетата година треба да во воведат во исхраната


Ова егзотично овошје со сладок вкус е особено корисно за жените во шестата деценија. Овошјето за кое станува збор е манго. Пред сè, вреди да се спомене неговата висока содржина на витамин Ц, кој е вистински го зајакнува имунитетот, бидејќи мангото може да содржи до 46 проценти од препорачаната дневна доза на витамин Ц. Исто […]

Османи веќе разговарал со бугарската колешка Габриел


  Македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, денеска разговараше со бугарската вицепремиерката и министерка за надворешни работи Марија Габриел, еден ден по изборот на владата во Софија. Османи и Габриел разговарале за продолжување на политичкиот дијалог, ревитализација на меѓуресорската соработка и целосна имплементација на Договорот за пријателство. „Османи упати честитки за именувањето на функцијата, […]

Двајца затвореници, пуштени на отсуство, се обиделе да украдат возило во Ново Лисиче


Ноќеска, 15 минути пред полноќ, на бул.„АСНОМ“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево ги лишиле од слобода Е.К.(31) и Н.К.(24), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека на истиот булевар со употреба на сила и алат отвориле возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки и од него одзеле предмет, а се обиделе […]

Ескобар: Србите мора да се вратат во косовските институции, а Приштина мора да формира ЗСО


Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар денеска во Белград изјави дека најголемиот предизвик за Србија е да ги убеди косовските Срби да се вратат во институциите и дека косовските Срби треба да учествуваат на локалните избори на северот на Косово без предуслови, јави дописникот на МИА од Белград. -Мораме да се погрижиме […]

Македонија треба да предводи регионална иницијатива која ќе испрати јасна порака до ЕУ


  „Македонија е на историски крстопат на кој не смее да го погреши правецот. Во таа смисла одговорноста на политичките лидери е, исто така, од историски карактер. Постои излез од лавиринтот во кои се најдовме поради сопствените слабости, но и поради непринципелноста на ЕУ. Потребна е љубов кон Македонија која ќе нѐ извади од Собата […]

Вонреден инспекциски надзор од ДСЗИ во психијатриска болница „Скопје“


Вонреден инспекциски надзор од Државен санитарен и здравствен инспекторат бил извршен во психијатриска болница „Скопје“, потврди в.д. директорот Мухсин Арифи, кој најави повеќе детали нешто подоцна во текот на денот. – Kако новоназначен директор на психијатриската болница „Скопје“, чувствувам должност да се обратам на пошироката јавност за последните случувања поврзани со агресивните пациенти кои се […]