Османи веќе разговарал со бугарската колешка Габриел


 

Македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, денеска разговараше со бугарската вицепремиерката и министерка за надворешни работи Марија Габриел, еден ден по изборот на владата во Софија.

Османи и Габриел разговарале за продолжување на политичкиот дијалог, ревитализација на меѓуресорската соработка и целосна имплементација на Договорот за пријателство.

„Османи упати честитки за именувањето на функцијата, пренесувајќи ја притоа подготвеноста за зајакнување на билатералната соработка, во духот на добрососедските односи и европските вредности и во интерес на граѓаните на двете земји“, се наведува во соопштението од МНР за телефонскиот разговор меѓу Османи и Габриел.