Мурињо првпат во кариерата загуби финале во европските купови


Будимпешта – Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, првпат во кариерата беше поразен во финале на европски купови. Доцна синоќа, италијанскиот тим загуби од Севилја во финалето на Лига Европа на пенали (1:1, 1:4).   Претходно, тимовите на Мурињо секогаш ги освојувале финалињата во европските купови: Порто (2003 Куп на УЕФА и Лига на шампиони 2004), […]

Најмногу дожд во Охрид 24 литри на квадрат


Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Охрид 24 литри на метар квадратен, во Крива Паланка 17, во Берово и Круешево по 13 и во Тетово 10 литри, соопшти УХМР. Времето изутринава е променливо облачно со слаб ветер од променлив правец. Во котлините особено на северот има ниска облачност. Претпладне ќе биде сончево со мала […]

Основните производи со „одмрзнати“ цени, поскапувања не се очекуваат


Од денеска престанува да важи владината одлука со која беа замрзнати цените на некои земјоделски производи, белиот и полубелиот леб, брашното, маслото за јадење, јајцата, оризот, тестенините, млекото и млечните производи. Се „одмрзнуваат“ и цените на пелените, тоалетната хартија, влажните марамчиња и хигиенските влошки. Надлежните уверуваат дека поскапувања на овие производи нема да има, а […]

Дестатис: Македонија има најниски трошоци за живот во Европа


Бон- Северна Македонија е меѓу најевтините земји во Европа и е рекордер по ниски цени во многу категории, покажуваат податоците на германскиот завод за статистика Дестатис. Германските статистичари ги анализирале цените на голем број производи и услуги во различни категории во 40 европски држави. Заклучно со март годинава, Северна Македонија е делумно поскапа само од […]

Почнува Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа


Од денеска до 6 јуни ќе се одржи Фестивалот на кинематографиите на земјите на Југоисточна Европа SEE FF Paris-Berlin-Washington 2023. Традиционално, како и секоја година, на фестивалот се презентираат остварувања од регионот во европските престолнини Париз и Берлин и во Вашингтон, САД. Во селекцијата на играни филмови е и македонскиот филм „Кино Љубов“ од Јани […]

Почнуваат работите за изградба на Коридорот 8


Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска, на патарината Тетово – Гостивар, ќе присуствува на почетокот на работите за изградба на Коридорот 8. Груби ќе биде придружуван од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми.

Гала вечер во „Милениум“: Скопјани го видоа најдобриот француски филм за 2023


Во кино „Милениум“ синоќа се одржа гала премиера на францускиот филм „Ноќта на 12-ти“. Настанот го организираа Амбасадата на Франција во Северна Македонија и Францускиот институт во Скопје, со поддршка на Младинскиот културен центар.  Филмот, добитник на шест награди „Цезар“ 2023, е во режија на Доминик Мол, а главните улоги ги толкуваат Бастиен Бујон, Були […]

„Младите доаѓаат“ – концерт во Филхармонија


Оркестарот на Филхармонија вечер ќе го изведе концертот насловен „Младите доаѓаат“ со ученици од средните музички училишта во Македонија. Диригент на концертот е Иван Еминовиќ, а на програмата се дела од Моцарт, Берио, Вебер. Лехар, Сибелиус, Григ и Равел. Од Филхармонија информираат дека како солисти ќе настапат Јана Стоилевска (соло пеење, III средно, ДМБУЦ „Илија […]

Претпладне сончево, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер


Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 1 јуни 2023 година, 152-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 213 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 1 минута, а ќе зајде во 20 часот и 3 минути. Денов трае 15 часа и 1 минута. Месечината која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее […]

Севиља го потврди епитетот „кралица на Лига Европа“ во драматично финале против Рома


Севилја вечерва ја победи Рома во финалниот натпревар од Лигата на Европа. Средбата се одржа на „Пушкаш арена“ во Будимпешта (Унгарија). Во 35. минута, Пауло Дибала го отвори резултатот. Неговиот гол беше единствен во првото полувреме. На почетокот на вториот дел од средбата, дефанзивецот на италијанскиот клуб Џанлука Манчини по центаршут од десното крило ја […]