Се запали уште еден електричен автомобил (видео)


Пожар зафати еден автомобил Mustang Mach-E, а се случил од непозната причина. На видеото од местото на настанот, од Гдањск, Полска, се гледа дека автомобилот е делумно спасен.

Како што јавуваат претставниците на државните служби, пожарот е ставен под контрола благодарение на брзата реакција, а по само неколку часа пожарот целосно бил изгаснат.

За што полесно да стигнат до изворот на пожарот, пожарникарите успешно го намокриле автомобилот и потоа постојано ги полевале со вода батериите за да се изладат.

Два часа подоцна целосно била отстранета заканата од пожар, пренесува Index.hr.

Внатрешноста на автомобилот е целосно зачувана, како и значителен дел од надворешноста.

Сепак, поверојатное  дека „мустангот“ ќе заврши за делови.

Интересно е што ова е втор случај на пожар од електричен автомобил регистриран во Полска.