Шукова: МЖСПП ќе ги плаќа работниците во пречистителната станица „Југохром“


Министерството за животна средина и просторно планирање ја презема обврската да ги плаќа надоместоците за месечните плати на луѓето што оперираат со пречистителната станица како и за хемикалиите кои треба да се набавуваат односно трошоците за одржување на пречистителната станица. Денеска министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова оствари средба со вработените на […]

Обезбедени средства за дорегулација на коритото на река Брегалница во Делчево


Во Делчево продолжуваат проектите за регулација на коритото на река Брегалница во централното градско подрачје. Активноста ќе се реализира преку Центарот за развој на Источно-планскиот регион со средства од Министерството за локална самоуправа, а поддршка за реализација на проектот дадоа делчевските советници на последната 21-ва седница. -Советниците донесоа Одлука за сопствено учество на Општина Делчево […]

Трифун Костовски: Зградата на Еуростандард банка не смее да се продаде под 12 милиони евра


Бизнисменот Трифун Костовски, основач и еден од сопствениците на некогашна Еуростандард банка, реагираше на третата по ред аукција за зградата на пропадната банка во центарот на Скопје, при што вели дека таа не треба да биде продадена под 12 милиони евра. На вчерашното наддавање, фирмата Пантелеон ГС понуди 5,37 милиони евра за дирекцијата на бившата Еуростандард […]

Можна ли е „граѓанска војна“ во Израел?


  Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху набрзина го отфрли предложениот компромис од претседателот Исак Херцог, чија цел беше да се реши ќор-сокакот околу планираниот ремонт на судството од страна на екстремно десничарската коалиција на Нетанјаху, што предизвика масовни протести во последните неколку недели. Херцог го откри предлогот за време на вечерното телевизиско обраќање, предупредувајќи: „Секој што […]

Јавен повик за спроведување на бесплатни менторски услуги во мали и средни претпријатија


Агенцијата за поддршка на претприемништвото на РСМ – АППРСМ објавува Јавен повик за спроведување на бесплатни стандардизирани менторски услуги во мали и средни претпријатија (МСП ). Целта на менторските услуги е обезбедување на навремена поддршка на претпријатијата во клучен момент за нивниот понатамошен развој, по методологија развиена и применувана во Јапонија. Корисниците на менторските услуги […]

ФФМ ги пушти во продажба билетите за натпреварите со Малта и со Фарски Острови


Фудбалската федерација на Македонија денес ги пушти во продажба на билетите за првиот натпревар на македонската фудбалска репрезентација против Малта од квалификациите за ЕП 2024 и пријателскиот меч против Фарски Острови.   На 23 март (четврток), македонската репрезентација ги отвора квалификациите за ЕП против Малта на Националаната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Четири дена подоцна, […]

Пентагон објави документи за можно присуство на вонземјани


Пентагон објави нацрт-документ минатата недела, каде што се наведува дека вонземјани можеби го посетуваат Сончевиот систем и испраќаат мали сонди за истражување, како што прави НАСА кога истражува други планети. Тој нацрт-извештај е напишан од Шон Киркпатрик – директор на Канцеларијата за решавање на аномалии од сите области (ААРО) на САД и Абрахам Лоуб – […]

ЕСМ ќе врати средства во Буџетот што ќе се пренаменат за нови мерки за помош на граѓаните


Со домаќинско работење АД ЕСМ е ликвидно и во текот на оваа недела или на почетокот на наредната компанијата во Буџетот ќе врати одредени средства кои ги доби од Владата, најави министерот за економија Крешник Бектеши. Тоа, посочи, значи дека ќе има дополнителни средства за да се дизајнираат нови мерки за помош на граѓаните за […]

Упад во бугарскиот културен центар во Скопје, Софија веднаш реагираше


  Непознати лица синоќа упаднале во Бугарскиот културно-информативен центар во центарот на Скопје на улица Македонија, соопштуваат од Бугарското министерство за надворешни работи. „Ноќта меѓу 15 и 16 март 2023 година непознати лица упаднале во зградата на Културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје, Република Северна Македонија. Во инцидентот, причинета е материјална штета на задниот ѕид […]

Литар млеко 68 денари, шпагетите 43 денари… Како се почитува одлуката за замрзнување на цените


  Цените на тестенините, млекото и млечните производи во маркетите утрово осамнаа со нови, пониски цени. Така, литар трајно млеко на најголемиот производител во земјава, со 2,8 проценти масленост од денеска се продава по цена од 68 денари, што е за цели десет денари помалку од досега, јогуртот е намален од 80 на 72 денари […]

Скопје славеше 20 години безвременска убавина – мис, манекенки и водителки блеснаа во комбинации од „Фешн груп“ (фото)


Дека најпознатите македонски манекенки  изгледаат подеднакво добро како и пред дваесет години, докажаа во хотелот „Лимак“ каде блеснаа во шик комбинации од брендовите на Fashion Group по повод јубилејните 20-години од Модната недела во Скопје. Светлана и Мики Црнокрак, Марија Васиќ, Вера Мештеровиќ, Ирена Спировска, Маја Глигоровска, Рената Томиќ, Ана Биновска, Сани, Бојана Тевчева, Армандо […]

Во Албанија зголемен бројот на случаи на перење пари


Шефот на Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, Алтин Думани, денеска во Високиот совет на обвинители презентирајќи го извештајот за 2022 година изјави дека е забележан раст на случаите на перење пари. -Случаите на перење пари се зголемуваат, а во текот на извештајната година се регистрирани и 12 нови случаи односно обвинувања добиени […]

(Во живо) Редовна седница на Советот за социјална сигурност за новата методологија за усогласување на пензиите


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска  ќе учествува и ќе се обрати на вториот состанок на Советот на социјална сигурност, на кој ќе се усвојува и потврдува зголемувањето на пензиите. Настанот ќе се одржи во Свечената сала во Владата на Република Северна Македонија, со почеток од 12:30 часот. Претседавач на состанокот […]

Ги снема плочите со податоците за статуите на Мостот на цивилизациите


Скулптурите на пешачкиот мост „Око“ подоцна преименуван во „Мост на цивилизациите“, претставуваат личности од чие време има археолошки пронајдоци на почвата на Република Македонија и чие дејствување оставило белег на овие простори. На мостот се ставени скулптури на кралевите Пердика Први, Александар Први Филхелен, Аминта Трети, царевите Гаврил Радомир, Иван Владислав и Стефан Душан. Но, […]

Како алгоритмите командуваат со општествата


  Според мене, најдлабокото и најпроникливото дело на политичката економија напишано во 2010-тите не беше ниту текст во списание, ниту монографија, ниту книга во традиционална смисла. Наместо тоа, тоа беше онлајн симпозиум. Во Red Plenty: A Crooked Timber Book Event, научници и интелектуалци, свикани од политикологот Хенри Фарел, користеа нов начин на печатење-комуникација за да […]

„Тој доаѓа“: ДУИ влезе во нова кампања за реинвентирање


  Ако се суди според реториката на ДУИ изборите за новиот парламент се пред порта. Само што не почнала продолжената кампања за нив. За да го смири револтот на отпадничката група на Изет Меџити, Муса Џафери и другите, како и нивниот голем број приврзаници, раководството на ДУИ почна преку социјалните мрежи да го споделува слоганот […]

„Словенечки уметници – антологиски избор на графика“ – изложба во КИЦ- Офицерски дом во Битола


Изложбата „Словенечки уметници – антологиски избор на графика“ ќе биде утревечер, во 19 часот, отворена во КИЦ Офицерски дом во Битола. На изложбата ќе бидат изложени дела на еминентни словенечки графичари, автори од сите генерации кои со својата работа, стил и автентичен израз дале неповторлив придонес кон развојот на светската графичка уметност, за што ќе […]

Во скопска Автокоманда ќе им се зема на децата за да им се даде на возачите


  За паркирање на автомобилите мора да има место, дворовите на училиштата може и да се намалат. А и да ги нема. Децата и не мора да играат и да се дружат кога се на училиште. За оваа парадоксална ситуација пишува „Слободен печат“ објавувајќи дека во скопската населба Автокоманда, општина Гази Баба, во план е […]

Милчо Манчевски претседател на Жирито на „Софија филм фест“


Бугарија – Македонскиот режисер Милчо Манчевски ќе претседава со Жирито на филмскиот фестивал „Софија филм фест“ (СФФ), што почнува вечерва со проекција на филмот „Господар на шумите“ на Фолкер Шлондорф во софискиот „Национален дворец на културата“ (НДК). Покрај Манчевски, членови на Жирито на СФФ, што ќе трае до 31 март, се и режисерите Агњешка Смочинска од […]

Европратениците повикаа на регулирање на меѓународните посвојувања


Франција – Пратениците на Европскиот парламент ја повикаа Европската комисија повеќе да се фокусира на законското регулирање на посвојувањата од трети земји, во дискусијата што беше поттикната од предлогот на хрватскиот претставник Ладислав Илчиќ. Еврокомесарката за еднаквост Хелена Дали рече дека Европската Унија во моментов нема закони со кои се регулираат меѓународните посвојувања и дека областа […]