Децата од Клиниката во Козле кои биле во допир со сомнителните случаи на туберкулоза ќе одат на скрининг


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска информира дека една група од децата кои биле во допир со сомнителните случаи на туберкулоза во болницата во Козле утре ќе одат на скрининг, а останатата група во понеделник. -Ја следиме состојбата со децата во болницата во Козле, утре дел од одстанатите деца кои биле во допир […]

Скопјанец осомничен за два обиди за полов напад и силување на Водно


Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека се обидел да стори две кривични дела – едно кривично дело Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 и со член 19 од Кривичниот законик и едно кривично дело […]

ОН: Производството на кокаин порасна на рекордно високо ниво по укинувањето на мерките поради Ковид-19


Производството на кокаин рекордно се зголеми откако порасна светската побарувачка по укинувањето на рестриктивните мерки воведени поради пандемијата на Ковид-19, се вели во новиот извештај на ОН. Канцеларијата на ОН за дрога и криминал соопшти дека одгледувањето на кокаин во 2020 и 2021 година се зголемило за рекордни 35 отсто, пренесува Би-би-си. Европа и Северна […]

Шаќири: Потребно е да достигнеме повисоки стандарди во високото образование и научно – истражувачката дејност


Државата има потреба од ажурирање и доследно применување на Стратегијата за образование, што ќе придонесе за квалитетно и современо образование на високообразовните институции и подобрување на научно – истражувачката дејност во земјава. Притоа, заедно треба да се стремиме и кон обезбедување на квалитетен кадар, кој во иднина ќе продолжи да ги имплементира новите стандарди во […]

„Вагнер“ одреди награда од 15 милиони долари за италијанскиот министер за одбрана


  Руската платеничка група „Вагнер“ одреди награда од 15 милиони долари за италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето, кој ја обвини групата за предизвикување на зголемениот миграциски бран кон Италија, се вели во извештајот на италијанските разузнавачки служби. Веста за наградата, наводно, била примена од италијанското разузнавање пред десетина дена, но не била објавена до […]

Се одржа конференција Pitch.Match.Grow vol. 2 насочена кон поддршка за интернационален настап на домашните стартапи


Во организација на PwC, изминативе два дена во Скопје се одржа второто издание на конференцијата Pitch.Match.Grow vol. 2 која на едно место ги собра сите релевантни чинители во стартап еко-системот. Целта на настанот е да го олесни развојот, растот и интернационалниот пазарен настап на стартапите од Северна Македонија. Голем број претприемачи, инвеститори и различни домашни […]

Тренчевска: Уште 350 лица остануваат да се вклучат во матичната книга за евиденција


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска информира дека уште околу 350 лица остануваат да бидат вклучени во матичната книга за евиденција. Таа, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција, кажа дека по повикот за пријавување во матичната книга за евиденција се јавиле 700 лица кои се веќе евидентирани. -Тоа што требаше да […]

Партијата на земјоделците ја шокираше Холандија со победата на покраинските избори


  Партијата на земјоделците ја шокираше холандската политика и треба да биде најголемата партија во Горниот дом на парламентот по покраинските избори. Движењето „Фармер-граѓанин“ (БББ) беше формирано во 2019 година во пресрет на широките протести на фармерите. Но, со повеќето преброени гласови, тие треба да освојат 15 места од местата во Сенатот со речиси 20% […]

За да останат конкурентни, на компаниите ќе им бидат потребни и работници од странство, вели Битиќи


  Привлекување работници од странство или доквалификација на домашните работници треба да се прави за да не се влоши состојбата со недостиг на работен кадар, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи по посетата на компанијата за производство на стакло „Глас Флекс“ во Тетово. Ова, како што нагласи Битиќи, треба да се прави за македонското […]

Девојчето во Германија е избодено 32 пати од врснички поради ТикТок кавга


Две девојчиња на возраст од 12 и 13 години го признаа убиството на 12-годишното девојче Луиза, кое во неделата беше пронајдено мртво во близина на нејзиниот дом, соопшти полицијата. – По првото испрашување девојките дадоа спротивставени изјави, а по второто испрашување го признаа делото, изјави портпаролот на полицијата во Кобленц. Луиза била избодена 32 пати, […]

Бектеши: Синдикалната кошничка двојно ја пресметува инфлацијата, реално не надминува 43.000 денари


Министерот за економија Крешник Бектеши утре ќе побара средба со Сојузот на синдикатите на Македонија бидејќи од соработниците во Министерството за економија е утврдено дека има грешка во пресметката на минималната синдикална кошничка. -Можеби е ненамерна, а можеби и техничка грешка, но факт е дека минималната синдикална кошничка во нашата држава не е 50.000 денари […]

Што напиша Борел на својот блог за состанокот со Вучиќ и Курти во Охрид


  Време е за договор меѓу Белград и Приштина за спроведување на договорот за нормализација на односите, изјави високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, во пресрет на средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти на 18 март во Охрид. Во текстот објавен на веб-страницата на службата за надворешна политика на ЕУ, […]

Спасовски: Од воведувањето на новите протоколи, имавме само две дојави за бомби


Од кога се воведени новите протоколи за функционирање во услови на дојава за експлозивни направи, следниот ден имавме една дојава за бомба, а наредниот ден уште една. Понатаму веќе немаше дојави за бомби, потенцираше на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговорајќи на новинарско прашање. Инаку, новиот протокол, кој предвидува преземање на посебни […]

Почна изградбата на станица за пречистување на отпадните води од селото Чифлик во општина Чешиново-Облешево


Општина Чешиново-Облешево ја почна втората фаза од проектот за изградба на пречистителна станица за фекалната канализација во селото Чифлик, за што дел од финансиските средства ги обезбеди преку Бирото за регионален развој и од сопствената буџетска сметка. Изведувач на градежните активности е компанијата „Турбоинженеринг“ од Скопје, која според потпишаниот договор треба да ги комплетира во […]

Дизелот и моторниот бензин од 95 октани поевтинуваат два денари за литар


 ЕУРОСУПЕР БС-95  и ЕУРОДИЗЕЛ(Д-Е V) од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари за литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,9 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – […]

Негативно мислење на Комисијата за употребата на името Иван Михајлов


  Комисијата за употреба на имиња на личности на денешната седница даде негативно мислење за употреба на името Иван Михајлов поднесено од здружението Културен центар ,,Иван Михајлов“ од Битола.  Заклучокот од седницата ќе се проследи до министерот за правда кој ќе треба да донесе одлука по претходно добиеното негативно мислење од Комисијата. Комисијата смета дека […]

Мартовските пензии поголеми за 8,4 отсто, просечната од 17.666 денари се зголемува на 19.150


Советот на социјална сигурност денеска на состанок усвои зголемување на пензиите. Просечната пензија од 17.666 денари се зголемува на 19.150 денари. Зголемувањето на мартовската пензија согласно методологијата ќе биде зголемување од 8,4 проценти што е повеќе од очекуваното, информира денеска премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција во Владата. Ковачевски најави дека годинава, освен ова мартовско усогласување […]

Кој е Жан Тод, свршеникот на Мишел Јео?


САД- Мишел Јео ( 60) ја заврши својата извонредна сезона на награди за нејзината изведба во „Everything Everywhere All at Once “ со победата на Оскарите, и прва Азијатка која освои Оскар за најдобра главна улога.  Покрај неа беше една личност цела година: нејзиниот партнер, Жан Тод. Тод и Јео не се во брак, но […]

Мицкоски пак повикува на предвремени избори без техничка влада


  Лидерот на опозицијата денеска од Битола уште еднаш го повтори повикот за предвремени избори велејќи дека неговата партија ВМРО-ДПМНЕ ќе се согласи да оди на нив и без техничка влада. „Ние јавно подадовме рака за предвремени парламентарни избори, дури и рековме ако е услов 100 дена техничка влада, јавно се откажуваме и ја фрламе […]

УЈП и УНДП ја продолжуваат соработката за креирање поефикасен даночен систем во државата


Зајакнувањето и развојот на институционалните и организациски капацитети за борба против даночното затајување и даночните измами, како и имплементирањето на Целите за одржлив развој се во фокусот на Меморандумот за соработка, кој денеска го потпишаа Управата за јавни приходи и Програмата за развој на Обединетите нации. На овој начин се потврди заложбата за продолжување на […]