Ги снема плочите со податоците за статуите на Мостот на цивилизациите


Фото: Независен

Скулптурите на пешачкиот мост „Око“ подоцна преименуван во „Мост на цивилизациите“, претставуваат личности од чие време има археолошки пронајдоци на почвата на Република Македонија и чие дејствување оставило белег на овие простори.

Фото: Независен

На мостот се ставени скулптури на кралевите Пердика Први, Александар Први Филхелен, Аминта Трети, царевите Гаврил Радомир, Иван Владислав и Стефан Душан.

Но, секојдневните минувачи не можат да се информираат чија статуа гледаат, затоа што плочите со испишаното име, година на раѓање и смрт, значењето на личноста на која е посветена статуата се извадени. Од нив зјаат само по две дупки од шрафови и толку.

Фото: Независен

Истата ситуација е и со статуите и плочите со имињата кон крајот на тој дел од Кејот, покрај зградата на МНР. На Мостот на уметноста, пак, плочите под повеќето статуи стојат.

Своевремено, дел од овие плочи беа пречкртувани со спреј, затоа што на некои не им се допаѓаше напишаното или имаа нешто против личноста која е претставена.

Фото: Независен

Мостот „Око“ е изграден со финансирање од Општина Центар, во времето на градоначалникот Владимир Тодоровиќ, но надлежноста за одржување на мостовите во Скопје е на Град Скопје.

На авторите на статуите им е исплатен хонорар за изработка од 15 илјади евра по скулптура и сите се леени во српската леарница „Јеремиќ“.