„Словенечки уметници – антологиски избор на графика“ – изложба во КИЦ- Офицерски дом во Битола


Изложбата „Словенечки уметници – антологиски избор на графика“ ќе биде утревечер, во 19 часот, отворена во КИЦ Офицерски дом во Битола. На изложбата ќе бидат изложени дела на еминентни словенечки графичари, автори од сите генерации кои со својата работа, стил и автентичен израз дале неповторлив придонес кон развојот на светската графичка уметност, за што ќе им биде доделена посебна Плакета за придонес.
 
Овој настан се оддржува по повод 31 година од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Р. С.Македонија и Р.Словенија и е во заедничка организација на ЈОУ КИЦ Битола и Амбасадата на Р.Словенија во Скопје.