Скопје славеше 20 години безвременска убавина – мис, манекенки и водителки блеснаа во комбинации од „Фешн груп“ (фото)


Дека најпознатите македонски манекенки  изгледаат подеднакво добро како и пред дваесет години, докажаа во хотелот „Лимак“ каде блеснаа во шик комбинации од брендовите на Fashion Group по повод јубилејните 20-години од Модната недела во Скопје.

Најпознатата модна двојка Светлана и Мики Црнокрак

Светлана и Мики Црнокрак, Марија Васиќ, Вера Мештеровиќ, Ирена Спировска, Маја Глигоровска, Рената Томиќ, Ана Биновска, Сани, Бојана Тевчева, Армандо Чаволи, Коки Лондѕа и многу други, беа само дел од моделите кои порано беа едни од најбараните и омилени на публиката. Некои од нив беа избрани за мис, дел се пронајдоа во други професии, а некои останаа и понатаму на модната сцена.

Вера Мештеровиќ

Ретроспективната ревија по повод големиот 20 – годишен јубилеј на Модната недела Скопје беше во организација на модното студио Црнокрак.

Ана Биновска

Сосема очекувано, полната сала беше воодушевена од секое појавување на моделите, дочекувајќи ги со громогласен аплауз и позитивни критики.

Ирена Спировска

Секој еден од нив, привлече исклучително внимание во внимателно одбраните комбинации од брендовите на Fashion Group, појавувајќи се во највпечатливите парчиња од новата сезона со потпис на Mango, Guess, Fashion&Friends и други.

Марија Васиќ

Момците пак, беа исклучително шармантни во ултра елегантните парчиња од Boss и Bitsiani, со доза секојдневен шик од секогаш омилениот Dan John кој и овојпат понуди парчиња за секојдневно уживање на момците.

Рената Томиќ

Со поголема самодоверба од кога и да е, целосно опуштени и прекрасни, моделите раскажаа уште една приказна за себе и за времето по кое се чини, сите копнееме.

Светлана Црнокрак

Она што забележавме дека дефинитивно е заедничко со тоа време и ова денес, е убавината на момците и девојките, но и безвременските парчиња соодветни за бројни пригоди.

Снежана Богдановска-Сани

Комбинациите умешно беа надополнети со модни додатоци како впечатливи чанти и чевли, но и накит во неодоливи бои кои ја најавија долгоочекуваната пролет.

Ирена Спировска

Дел од фотографиите се преземени од Вангел Тануровски