Поради дефект, дел од населбата Ѓорче Петров без вода


Поради дефект ф-150 милиметри на улива 20/2 во Сарај, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од населбата Ѓорче Петров. Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11 часот, па до санација на дефектот. 

Во Куманово изложба „Без дистанца“ на македонски и бугарски академски ликовни уметници


Меѓународната изложба на уметнички дела со наслов „Без дистанца“ на македонски и бугарски академски ликовни уметници, ќе биде отворена вечер во 19 часот во изложбениот салон на Национална установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово. Како што информираа денеска од Центарот, изложени ќе бидат 40 дела од по десет македонски и исто толки бугарски […]

Вечер на Љубиша Никодиновски и доделување на наградата БИШ на МОТ


Низ анегдоти и интересни случки, вечерва 18.10.2022 во 18 часот пријателите на Љубиша Никодиновски – Биш ќе се соберат во Галеријата на МКЦ и неформално ќе не потсетат за сѐ она што го врзуваше него и Млад Отворен театар, на вечер насловена како „За зелената гуска и црвените рози“. „Траен е белегот на Биш на […]

Бурна и раскошна драмедија, вели „Холивуд репортер“ за „Кајмак“


  „Бурна и раскошна драмедија“ … вели прочуеното филмско списание „Холивуд репортер“ во рецензијата за „Кајмак“ на Милчо Манчевски. „Холивуд репортер“ е меѓу трите најголеми светски филмски списанија, заедно со „Вараети“ и „Скрин интернешенал“, кој пишува рецензии за сите филмови на Манчевски, што е престиж,  а македонските медиуми ги пренесуваат. „Донекаде забавен, но и претеран, […]

Австралија објави кој бил првиот Македонец што дошол во Перт


Владата на Западна Австралија објави дека првиот Македонец што пристигнал во Перт бил Борис Шмагранов во 1908 година, а многу други наскоро  му се придружиле по Првата светска војна. Оваа информација беше објавена по средбата со македонската амбасадорка Билјана Стефановска-Сековска. Притоа беше оценето дека Западна Австралија е дом на најголемата македонска заедница во Австралија и […]

Дендиас слетал во Триполи, кога видел кој го чека – одлетал


Грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас слета во Триполи во Либија, но откако бил информиран дека неговиот либиски колега, кој има блиски врски со Турција, го чека на аеродромот, му наредил на пилотот повторно да полета, јавија грчките медиуми. Дипломатскиот инцидент најверојатно дополнително ќе ги влоши и онака заладените односи меѓу Грција и администрацијата во […]

Битиќи: РКЕ и „ЕВН хоум“ треба да се занимаваат со оние кои недозволено се префрлиле на регулираниот пазар на електрична енергија


  Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) и компанијата која ја испорачува електричната енергија – „ЕВН хоум“ треба да се занимаваат со фирмите кои недозволено се префрлиле од отворен на регулиран пазар, истакна денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. – Има кој да ја обелодени листата на оние кои неправилно се префрлиле […]

Шесто издание на Деновите на финансиската писменост


  Деновите на финансиската писменост, коишто се организираат по шести пат, годинава ќе се одржат од 23 до 25 ноември, со обезбедување на предавања на повеќе теми за секој заинтересиран граѓанин. Организатори се Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС и Агенцијата за […]

НАкС: Само ректорите ќе се „офајдат“ од новиот Закон за високо образование


Независниот академски синдикат (НАкС) соопшти дека со загриженост ги следи најавите за измена и дополнување на Законот за високото образование од 2018-та кој, како што наведува, беше донесен со широк консензус и неговата содржина беше предмет на длабоки консултации со сите чинители. Иако неговата имплементација во одредени сегменти тече бавно, телата со клучни ингеренции се […]

Мицкоски чека да преовладеел разумот кај Таравари околу коалицирањето со власта


  Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го нарече јавна тајна преговарањето на власта со Алијансата за Албанците за влегување во владата. „Тоа не е нешто кое што не изненадува нас, за тоа се зборува недели наназад. Но секоја политичка партија има свое автономно и автохтоно одлучување“, изјави Мицкоски откако денеска медиумите информираат за средба помеѓу […]

Струја се увезува кога берзанската цена е пониска од онаа што ја произведуваме дома, вели Битиќи


  Со домаќинско управување со енергетската криза мора да се следи што се случува на пазарот и ако на пазарот има електрична енергија чија берзанска цена е пониска од производствената, недозволиво е да се произведува со повисока цена. Токму затоа се прави привремен увоз на електрична енергија, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. […]

Шведска: Траги од експлозив пронајдени во близина на оштетените гасоводи во Балтичкото Море


Шведскиот обвинител кој ја води истрагата за оштетувањето на гасоводите Северен тек 1 и 2 потврди дека се работи за саботажа и рече дека се пронајдени траги од експлозив. Обвинителот Матс Лунгквист рече дека сè е внимателно документирано. – За време на истрагата на местото на злосторството што се спроведе во Балтичкото Море, беа извршени опсежни операции и областа беше внимателно […]

Мицкоски тврди дека хидроелектраните работат со 18 отсто капацитет


Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека од утрово не работи блок 1 во РЕК Битола, а позагрижувачки е тоа што хидроелектраните се на ниво од 18 проценти. -Од утрово не работи блок 1 во РЕК Битола, а исто така ексклузивно хидроелектраните се на ниво од 18 проценти. Комплетно е потрошена водата, работиме со еден […]

Репрезентацијата на Сенегал на СП во Катар дефинитивно без Мане


Актуелниот африкански шампион Сенегал потврди синоќа дека ќе мора да настапи на Светското првенство во Катар без својот најдобар фудбалер Садио Мане. Фудбалот на минхенски Баерн ја повреди фибулата на десната нога на бундеслигашкиот натпревар против Вердер, но првичните најави од Фудбалската федерација на Сенегал најавија дека Мане ќе биде подготвен за нокаут фазата доколку […]

СДСМ: Мицкоски да каже колку илјади евра му беше платата во ЕЛЕМ?


СДСМ реагираше на т.н. афера „Паразит“  повикувајќи го лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да каже колку плата земал тој самиот во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога беше претседател на управниот одбор и генерален директор на акционерското друштво Електрани на Македонија. -Во тој период Мицкоски беше ангажиран како советник за енергетика на Никола Груевски. Мицкоски […]

Вимблдон ќе им дозволи и бермуди во боја на тенисерките


Вимблдон го ублажува својот кодекс на облекување и ќе им дозволи на тенисерките да носат и црни, или бермуди во боја, веќе следната 2023 година, за жените да може да играат и за време на менструација, соопшти „Ол Ингланд клубот“ вчера. „Следната година, жените и девојките, учеснички на турнирот, ќе можат да носат куси панталони […]

Телескопот „Џејмс Веб“ откри величенствени снимки на прашина околу млада ѕвезда


  Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ вчера откри нови величенствени снимки од голем облак прашина во облик на песочен часовник околу ѕвезда во насанување. Се работи за многу млада ѕвезда Досега невидливи, тие облаци во портокалова и сина боја станаа видливи благодарение на инфрацрвената камера NIRCam.Многу млада ѕвезда, позната под називот „протоѕвезда L1527″, се наоѓа во […]

Сослушувањето на Димовски во собраниската комисија зад затворени врати


  Сослушувањето на директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски во собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и на АР ќе се одржи без присуство на медиумите, решија членовите на Комисијата. Предлогот за затворање на седницата за јавноста дојде од страна на Димовски, кој рече дека станува збор за класифицирани документи, но […]

Скорпија – годишен хороскоп за 2023 година


Годишниот хороскоп за Скорпиите за 2023 година укажува дека овој темпераментен и мистериозен знак го очекува борба со тешкотии. Можно е да почувствувате напредок во сите области од животот. Важно е да се посветите, да работите на себе и да не бидете роб на туѓите очекувања или притисоци. ХОРОСКОП ЗА ЖЕНА СКОРПИЈА ЗА 2023 ГОДИНА […]

Ковачевски и Таравари ќе договараат влез на Алијанса во Владата


В.д. претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари денеска на пладне во Владата ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски. Средбата ја најавија од Алијанса за Албанците од каде информираа дека се очекува да се разговара за влез во владината коалиција. Според информациите, понудата од Ковачевски ќе биде три министерски позиции за Алијанса да стане […]