Австралија објави кој бил првиот Македонец што дошол во Перт


Владата на Западна Австралија објави дека првиот Македонец што пристигнал во Перт бил Борис Шмагранов во 1908 година, а многу други наскоро  му се придружиле по Првата светска војна.

Оваа информација беше објавена по средбата со македонската амбасадорка Билјана Стефановска-Сековска. Притоа беше оценето дека Западна Австралија е дом на најголемата македонска заедница во Австралија и дека таа брои 20.000 луѓе.

Западна Австралија е  исто така единствената држава од која се извезува морска храна во Македонија.