Зелен хуман град бара да го демантираат со факти за дивоградбите


Зелен хуман град реагираше на одговорот на Министерството за транспорт и врски на нивните обвинувања дека преку измени во регулативата за фотоволтаици се обидуваат да легализираат дивоградби. Оценувајќи дека Министерството за транспорт и врски ја потценува интелигенцијата на јавноста бара демантот што им го упатува да се базира на факти бидејќи тие не се политичка […]

Русите се подготвуваат за нови продори на украинската војска


Британското Министерство за одбрана го објави својот најнов извештај за војната во Украина. Во него се наведува дека руските сили продолжуваат да даваат приоритет на повторно опремување, реорганизација и подготовка на одбраната во повеќе региони во Украина по повлекувањето западно од реката Дњепар. Војската изгради нови системи за ровови во близина на границата со Крим, […]

Блок 1 на РЕК Битола во краткотраен прекин, производството го надоместуваат останатите капацитети на ЕСМ


Од електроенергетскиот систем ноческа околу полноќ  е исклучен Блок 1 на РЕК Битола. Се работи за планско исклучување заради санација на кондензаторот и на дел од цевководниот систем во постројката. Преземени се сите чекори со цел интервенцијата да биде кратка и ефикасна и в понеделник блокот повторно да биде на мрежа, соопшти АД ЕСМ​. Исклучувањето […]

Саудискиот принц има имунитет од гонење за убиството на новинарот Кашоги


САД – Американската администрација утврди дека престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, има правен имунитет од тужбата покрената против него за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во 2018 година. Американското Министерство за правда, во документ доставен до Окружниот суд Колумбија, напиша дека доктрината за имунитет на шефот на државата се заснова на обичајното меѓународно право, […]

18 ноември во историјата – Масовното самоубиство во Џонстаун, Гвајана


  На 18 ноември 1978 година, основачот на Храмот на народот, Џим Џонс, води стотици свои следбеници во масовно убиство-самоубиство во нивната земјоделска комуна во оддалечен дел од јужноамериканската држава Гвајана. Многу од следбениците на Џонс доброволно проголтале отров, додека други биле принудени да го сторат тоа со закана со пиштол. Конечниот број на умренитево […]

Си-ен-ен побара од водителите да не пијат алкохол при преносите на новогодишната ноќ


САД– Американската телевизиска мрежа Си-ен-ен побара од водителите „да го намалат консумирањето алкохол“ за време на преносот во живо на новогодишната ноќ, објави американскотo списание „Варајети“. Последниве години, Американците се навикнаа да го гледаат водителот Андерсон Купер, на пр., и неговите колеги како пијат алкохолни пијалаци на „Тајмс сквер“ во Њујорк, додека новогодишната прослава е во […]

Украина објави снимка од руска соба за мачење кај Херсон


  Украинскиот комесар за човекови права Дмитро Лубинец во четвртокот објави снимка, на која според неговите зборови, се прикажува комора за мачење која ја користеле руските сили во неодамна ослободениот регион Херсон. Во видеото објавено на социјалните мрежи Лубинец зборува од повеќе подземни простории со валкани ѕидови и подови, межу кои и мала просторија во […]

„На нивото од колапсот на СССР“: Бројот на Руси кои емигрираа во Израел скокна за 400 отсто


  Војната во Украина, масовната мобилизација и „затегнувањето на завртките“ во Русија предизвикаа бран на емиграција од Руската Федерација, што статистиката не го видела неколку децении. Бројот на Руси кои заминаа за Израел во рамките на програмата за репатријација на Евреите скокна за повеќе од 400% во 2022 година, пишува „Ерусалим пост“, цитирајќи податоци од […]

Група републиканци во САД бара ревизија на средствата доделени на Украина


 Некои претставници на Републиканската партија во Претставничкиот дом на Конгресот на САД, побараа финансиска ревизија на средствата што Конгресот ѝ ги додели на Украина од јануари 2021 година. За ова информираше Марџори Тејлор Грин, членка на Долниот дом на Конгресот од Џорџија. – Поднесувам до Претставничкиот дом нацрт резолуција, со што бараме од претседателот на […]

Русите му откажаа љубов на јуанот: побарувачката за кинеската валута падна за 11 пати


  Бранот на брза побарувачка за „пријателски“ валути, што ги зафати руските граѓани летото, нагло стивна. Во октомври, обемот на купувања на кинески јуани од физички лица се намали за речиси 11 пати, објави во четвртокот Централната банка на Руската Федерација во „Преглед на ризиците на финансискиот пазар“. Минатиот месец Русите купија јуани во вредност […]

Нацистичката книга на Хитлер „Мојата борба“ во реклама како „совршен божиќен подарок“


Најголемата интернет-страница за купување во Нов Зеланд се извини откако ја промовираше автобиографската книга „Мојата борба“ (Mein Kampf) на Адолф Хитлер, како „совршена“ идеја за божиќен подарок. Книгата беше вклучена во реклама на Инстаграм-страницата на „Трејд ми“ (Trade Me), којашто претставуваше неколку подароци, меѓу кои и овој нацистички своевиден „манифест“ од 1925 година, напишан од […]

Концерт на Паскал Голоа со учениците од „Илија Николовски –Луј“


Паскал Голоа, директор на Музичкиот конзерваториум Моцарт во Париз, вечер во Музеј на македонската борба ќе одржи мастер клас по оркестрирање со учениците од средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“ во Скопје. Паскал Голоа е повеќестран уметник и мајстор на инструментот фаготот. Голоа е солист, концертен изведувач и педагог, а денес сè повеќе се потврдува […]

Предлог-законот за субвенциониран студентски оброк на собраниска седница


Предлог на закон за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк, по скратена постапка, е на дневен ред на продолжението на 91. седница на Собранието на Северна Македонија. Со Предлог-законот за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк се предвидува до 15 март идната година на секој студент во државата да му се исплаќаат по […]

Османи во Тунис на Министерската конференција и Самитот на лидери на франкофонијата


Министерот за надворешни работи Бујар Османи, ќе учествува на 43-та сесија на Министерската конференција на франкофонијата, што ќе се одржи денеска во Џерба, Тунис, додека утре во Џерба ќе ја предводи делегацијата на Северна Македонија на 18-от Самит на лидери на франкофонијата. Како што соопшти МНР, во рамки на најголемите два собири на франкофонските земји […]

Турската компанија „Текнопанел“ ќе гради производствен капацитет во ТИРЗ Скопје


Турската високотехнолошката компанија „Текнопанел“  ќе инвестира 20 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет во ТИРЗ Скопје 1 со површина од 54.000 квадратни мерки во кој ќе се произведуваат најсовремени сендвич панели. Договорот за инвестицијата ќе биде потпишан денеска, а претходно ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски и директорот на ТИРЗ Јован Депотовски. Потоа […]

На автопатот Кичево – Охрид завршени над 72 проценти од градежните работи


Прогресот на работите на автопатот Кичево – Охрид  е над 72 проценти, а кога го преземавме проектот во 2017 година беше со 30-ина проценти прогрес и натоварени проблеми, како нерешени имотно правни прашања, лоши проекти, информира министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Тој во гостување на ТВ 21 синоќа истакна дека во изминатиот период […]

Балкански економски форум во Скопје


Балкански економски форум ќе се одржи денеска во Скопје, со дебати за состојбите, перспективите и политиките на економскиот развој на регионот. Учесниците ќе дебатираат за „Регионална економска соработка – мит или реалност?“, „Балкански енергетски изгледи за побрза енергетска транзиција“, „Финансирање развој и регионална соработка“, „Обновување и усовршување на балканската работна сила“… Според најавата од организаторот, […]

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне повремен дожд


Денеска претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, кој на места долж Повардарието и во југозападните делови ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 18 ноември 2022 година, 321-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 44 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 27 минути, а ќе зајде во 16 часот и 10 минути. Денов трае 9 часа 43 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее 2 […]

Зошто во авион смееме да носиме течности само во пакувања од 100 милилитри?


Ограничувањето на течностите што можете да ги внесете во авион беше воведено во 2006 година, откако британската полиција откри терористички заговор кој вклучуваше активирање течни експлозиви. Регулативата која дозволува внесување на само 100 мл течности, гелови и аеросоли беше воведена во 2006 година, откако британската полиција откри терористички заговор за активирање течен експлозив во седум […]