Пендаровски за случајот „Онишченко“: Голем удар за кредибилитетот на АНБ и за државата


  Претседателот Стево Пендаровски смета дека треба да се извлече одговорност за случајот со доделувањето македонско државјанство на украинскиот државјанин Олександр Онишченко, кој е ставен на црната листа на САД. Тој вечерва во интервју во емисијата „24 Анализа“ на ТВ24, оцени дека станува збор за сериозен удар врз кредибилитетот на една земја членка на НАТО […]

Власта и опозицијата да излезат во пресрет на барањата на студентите, вели Пендаровски


  Претседателот Стево Пендаровски смета дека имаат основа барањата на студентите кои неделава преку протест и марш побараа подобрување на стандардот. Ги повикува и власта и опозицијата да излезат во пресрет на нивните барања. – Ова што го гледам, еден од предводниците на последните протести имаше коректна реченица – не би сакале да видиме политичари […]

Бугарските царинарници открија и запленија 35 пиштоли и 557.000 евра


  Цариниците на граничниот премин помеѓу Бугарија и Турција, „Капетан Андреево“при контрола на комбе открија и конфискуваа 35 пиштоли и четири празни рамки за муниција, соопшти бугарската Царинска агенција. Како што јави дописникот на МИА од Софија, на граничниот премин „Капетан Андреево“ пристигнал минибус со странска регистрација, управуван од 47-годишниот возач, кој сам патувал од […]

„Нетфликс“ овозможи отстранување на несаканите уреди од корисничките профили


Стриминг платформата „Нетфликс“ им овозможи на своите корисници да ги отстранат несаканите поврзани уреди од нивните профили. Новата опција моментално е достапна главно на iOS и Android уредите, а корисниците сега преку своите профили можат да видат кои уреди користат „Нетфликс“ и да видат дали има неправилности. Доколку сакаат, корисниците можат да отстранат одреден уред […]

Дуда: Украина може да учествува во истрагата за инцидентот во Пжеводов врз основа на меѓународното право


Претседателот на Полска, Анджеј Дуда денеска изјави дека Украина може да учествува во полско-американската истрага за инцидентот во селото Пжеводов единствено врз основа на меѓународното право.   „За да може да се зборува за учество во истрагата, мора да се применат соодветните прописи на меѓународното право. Ова е секогаш во опсегот на правната помош. Доколку […]

На обиколницата во Скопје загина професионален велосипедист


Од Министерството за внатрешни работи со детали во врска со трагедијата којашто се случи претходно денеска кај Радишани. Надлежните информираа дека 63-годишник удрил во двајца велосипедисти, од којшто едниот починал на лице место, а другиот е пренесен во ургентниот центар „Мајка Тереза“. „Во 15.48 часот е пријавено дека на обиколница, после клучка Радишани во правец […]

Мексикански министер за јавна безбедност загина во хеликоптерска несреќа


Мексиканскиот министер за јавна безбедност на сојузната држава Агуаскалиентес во централно Мексико загина во хеликоптерска несреќа во која загинаа вкупно пет лица, објави гувернерот на таа сојузна држава. Несреќата е снимена на камера, а на снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како леталото паѓа на празна тревна површина. Сите пет лица во хеликоптерот загинаа, […]

Гутереш: Светот треба да се спаси од глобалното затоплување


 Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутерш денеска предупреди дека преговарачите на климатскиот Самит КОП27 во Египет мора да ја надминат „урнатата доверба“ помеѓу богатите и сиромашните земји за да постигнат договор со кој би се спасил светот од најлошото глобално затоплување. – Се наоѓаме во клучниот момент од преговорите. Светот набљудува и има едноставна […]

Предлог-законот за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк проследен на натамошна постапка во Собранието


 Собраниската Комисија за финансирање и буџет на денешната седница го разгледа Предлог-законот за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк, по скратена постапка, со кој се предвидува до 15 март идната година на секој студент во државата да му се исплаќаат по 120 денари за оброк или 2.400 денари месечно, и предложи да се проследи […]

Грковска на Глобалниот форум на ОЕЦД во Луксембург


  Со почетокот на преговорите за членство во Европската унија и исполнување на критериумите за полноправно членство верувам дека ќе ги унапредиме капацитетите на институциите, истакна вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска која денеска учествуваше на Глобалниот форум 2022 на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), „Градење на доверба и зајакнување […]

Ненси Пелоси по 20 години го напушта лидерството на демократите во Конгресот


  Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, најави дека ќе се откаже од лидерската функција, откако две децении ги водеше демократите во Претставничкиот дом, градејќи наследство како една од најмоќните и поларизирачки фигури во американската политика. Пелоси, првата и единствена жена што ја извршува функцијата спикер, рече дека ќе продолжи да служи во […]

Што се случува во Бугарија и зошто Бојко Борисов не сака да владее


  Веќе месец и половина сме сведоци на импровизиран политички театар: Бојко Борисов ем сака да има редовна влада, ем нема желба да владее. Како и секогаш, тој е крајно убедлив во двете улоги: додека се колне и крсти дека 100% ќе има влада, неговите портпароли со еднаква жар објаснуваат дека попрво би си ја […]

Студентски марш во Скопје – жолт картон за МОН


Во центарот на Скопје вечерва се одржува студентски марш за обединето остварување на студентски права, во организација на универзитетските студентски собранија при УКИМ, Штуловиот универзитет, ФОН, Американ колеџ, ФОП, универзитетите од Битола и Штип и движењето „Студентски отпор“. Студентскиот марш, што почна пред зградата на Владата, се одржува по повод Меѓународниот ден на студентите. Учесниците […]

Берлускони ослободен од обвинението дека поткупувал сведоци


Италија – Италијанскиот суд денеска го ослободи поранешниот премиер Силвио Белрускони од обвиненијата за поткуп на сведоци во случај од 2013 година поврзан со малолетничка проституција. Берлускони е обвинет дека наводно платил 157.000 евра на италијанскиот пејач Маријано Апичели за да лаже на претходното судење во кое поранешниот италијански премиер беше обвинет дека платил за секс […]

Претседателот Пендаровски ги прими членовите на хорот „Златно славејче“


Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими членовите на детскиот хор „Златно славејче“. Претседателот Пендаровски, упатувајќи честитки за успешната реализација на 52. издание на фестивалот „Златно славејче“, ги истакна значењето и улогата коишто повеќе од половина век овој фестивал ги има во развојот на креативноста и талентот на најмладите во државата. Членовите на постојаниот детски хор […]

Капиталните расходи лани потфрлиле за 21,5 отсто: Собраниска расправа за Предлог-завршната сметка на Буџетот за 2021


  Собранието попладнево ја заврши општата расправа за Предлог – завршната сметка на Буџетот за 2021 година. Гласањето по оваа точка, како што најави потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, ќе биде закажано дополнително. Како и на расправата во матичната Комисија за финасирање и буџет, во тек на дебатата беа упатени обвинувања за слаба реализација на […]

Загина велосипедист во сообраќајка на обиколницата во Скопје


  Во тешка сообраќајка во која автомобил удрил велосипедисти која се случи попладнево на обиколницата во Скопје кај клучката во Радишани едно лице загина, а има и повредени. Од МВР за МИА информираа дека во 15:48 часот е пријавено дека на обиколница, после клучка Радишани во правец кон Тетово се случила сообраќајна несреќа во која […]

Телеком за аферата „Паразити“: Не сме државна институција, туку дел од Дојче телеком


  Македонки телеком денеска реагира на наводите изнесени од ВМРО-ДПМНЕ околу аферата „Паразити“ во која се изнесуваат плати на директори и ги отфрла како обид јавноста да се доведе во заблуда. Пред сѐ, затоа што Телеком не е државна институција, ниту директорите таму ги назначува Владата, туку е дел од Дојче телеком. Еве го соопштението […]

Финска ќе крене ограда на делови од границата со Русија


  Финската влада денеска предложи да се изгради ограда долж делови од границата на Финска со Русија за 139 милиони евра, исполнувајќи го ветувањето дадено по руската инвазија на Украина во февруари. Финска, која аплицираше за членство во НАТО, има историја на војување со Русија, но 1.300 километри долгата граница покриена со шуми меѓу двете […]

Давитковски: Аферата „Паразити“ е популистичка, „пумпањетo“ на платите започна уште во времето на ВМРО-ДПМНЕ


Популистичка, со единствена цел прибирање на политички поени. Вака професорот Борче Давитковски ја оцени аферата „Паразити“, во рамки на која опозициската ВМРО-ДПМНЕ  секојдневно ги објавува износите на платите на актуелни директори. Линк до целиот текст тука