Мексикански министер за јавна безбедност загина во хеликоптерска несреќа


Мексиканскиот министер за јавна безбедност на сојузната држава Агуаскалиентес во централно Мексико загина во хеликоптерска несреќа во која загинаа вкупно пет лица, објави гувернерот на таа сојузна држава.

Несреќата е снимена на камера, а на снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како леталото паѓа на празна тревна површина.

Сите пет лица во хеликоптерот загинаа, меѓу кои и министерот за јавна безбедност Порфирио Хавиер Санчес Мендоса. Несреќата се случила утрово на северот на сојузната држава.

Тере Хименес, гувернерот на државата Агуаскалиентес, изјави дека причината за падот на хеликоптерот најверојатно е несреќа.