На обиколницата во Скопје загина професионален велосипедист


Од Министерството за внатрешни работи со детали во врска со трагедијата којашто се случи претходно денеска кај Радишани. Надлежните информираа дека 63-годишник удрил во двајца велосипедисти, од којшто едниот починал на лице место, а другиот е пренесен во ургентниот центар „Мајка Тереза“.

„Во 15.48 часот е пријавено дека на обиколница, после клучка Радишани во правец кон Тетово се случила сообраќајна несреќа во која возило „мазда“ со скопски регистерски таблички управувано од Р.Р. (63) удрило во двајца велосипедисти: А.Ш. , кој починал на лице место и А.П., кој се здобил со повреди и со возило на ИМП е пренесен во ургентен центар „Мајка Тереза“, изјавија од МВР за Прес24.

Вечерва беше обелоденет и идентитетот на починатиот велосипедист. Станува збор за Арбр Шаќири, а од клубот во којшто членувал се збогуваа со него.

„Со длабока жалост ве известуваме дека денеска се случи тешка сообраќајна несреќа во која автомобил удри двајца велосипедисти од Скопје, на обиколницата во Скопје (Радишани) кои се движеа од Тетово.


Во несреќата животот го загуби нашиот пријател и член на велосипедскиот клуб Феникс од Тетово, Арбр Шаќири.
Во име на клубот изразуваме најдлабоко сочувство до семејството и роднините“, се вели во објавата на велосипедскиот клуб.