Репрезентацијата на Сенегал на СП во Катар дефинитивно без Мане


Актуелниот африкански шампион Сенегал потврди синоќа дека ќе мора да настапи на Светското првенство во Катар без својот најдобар фудбалер Садио Мане.

Фудбалот на минхенски Баерн ја повреди фибулата на десната нога на бундеслигашкиот натпревар против Вердер, но првичните најави од Фудбалската федерација на Сенегал најавија дека Мане ќе биде подготвен за нокаут фазата доколку Сенегал ја мине групната фаза во конкуренција на Холандија, Еквадор и домаќинот Катар.

Сепак, сега е потврдено дека на Мане ќе му биде потребен оперативен зафат и тој ќе мора да го пропушти Мундијалот што почнува в недела.

Мане (30) за репрезентацијата на Сенегал има 93 настапи на кои постигна 34 голови.