ЕУ замрзна руски имот во вредност од 68 милијарди евра, најмногу во Белгија


Белгија– Европската Унија замрзна вкупно 68 милијарди евра руски имот, најмногу во Белгија, покажа интерниот документ на Европската комисија до кој дојде Политико. Белгија е на прво место со 50 милијарди, а веднаш по неа е Луксембург со 5,5 милијарди евра. Кога на Белгија и Луксембург ќе им се приклучат Италија, Германија, Ирска, Австрија и Франција, […]

Пристап до интернет имаат 86,6 отсто од домаќинствата


  Во првиот квартал годинава 86,6 проценти од домаќинствата имале пристап на интернет од дома, што претставува зголемување за околу три проценти во однос на 2021 година, кога биле 83,7 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 88,3 проценти, а 73,9 проценти го […]

Еуроњус: Кои сектори во Србија би имале предност од слободниот пазар на работа на Отворен Балкан


  Слободниот пазар на труд во рамки на Отворен Балкан меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија треба да стапи на сила оваа есен. Ова подразбира слободно движење на работниците и вработување без дозволи кои вообичаено им се потребни на странците, тоа е иницијатива која треба да им помогне на работодавачите во Србија на кои им […]

Меси: Подготвени сме за голем резултат во Катар


  Во Катар пристигна репрезентацијата на Аргентина, која е во серија од 36 натпревари без пораз и е меѓу главните фаворити за титулата на Светското фудбалско првенство кое почнува в недела -Доаѓаме со многу самодоверба, бидејќи оваа екипа е подготвена за голем резултат. Се надевам дека можеме да почнеме на најдобар можен начин и потоа […]

Концертите на Тејлор Свифт го урнаа Тикетмастер


САД- Милиони обожаватели на Тејлор Свифт ја преплавија веб-страницата на Live Nation’s Ticketmaster за да се обидат да добијат места за нејзината прва турнеја по пет години, предизвикувајќи периодични прекини и долги онлајн чекања бидејќи некои билети брзо беа препродадeни за илјадници долари, пишува Гардијан. Веб-страницата за продажба на билети во соопштението вели дека станува […]

Чех се обидел да влезе во Македонија со фалсификуван пасош


Вчера,  во 17.30 часот на Граничниот премин „Богородица“, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ го лишиле од слобода З.Л.(33) од Република Чешка. При извршена пасошка контрола било констатирано дека неговата патна исправа била фалсификувана, односно биле направени промени во датумот на важноста. Тој бил предаден на полициски службеници од […]

Од патарини наплатени 12 милиони евра во вториот квартал годинава


  Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) во вториот квартал годинава наплати патарини во износ од 745.037.340 денари (12 милиони евра). Наплатените средства се 20,99 проценти од вкупно планираниот приход по тој основ за годинава. Во споредба со истиот период од минатата година, приходот од патарини е поголем за 13,6 проценти, односно за 89.166.912 денари. […]

Остатоци од експлозив пронајдени на саботажата на „Северен тек“


  Шведскиот обвинител кој ја води истрагата за оштетувањето на цевководите „Северен тек 1 и 2“ потврди дека инцидентот бил саботажа и рече дека се пронајдени траги од експлозив. Во изјавата, обвинителот Матс Љунгквист рече: „За време на истрагите на местото на злосторството што беа извршени на лице место во Балтичкото Море, беа направени опсежни […]

ЕУ покренува сателитски интернет систем вреден шест милијарди евра


  Европската Унија постигна договор за создавање сопствен сателитски интернет систем, вреден шест милијарди евра. Претставници на Европскиот Парламент и на Европскиот Совет постигнаа договор за иницијативата што Европската комисија ја објави уште во февруари. Овој потег на ЕУ доаѓа во услови на зголемена загриженост околу рускиот и кинескиот воен напредок во вселената и зголеменото […]

За поголем економски развој на Западен Балкан потребна е меѓусебна поддршка и соработка


  Со заедничка соработка и меѓусебна поддршка Западен Балкан ќе постигне поголем економски развој, што ќе го доближи регионот до Европската Унија, беше истакнато на денешниот Балкански економски форум што се одржа во Скопје. Перспективите и политиките на економскиот развој на регионот беа главните теми на форумот. -За добра иднина потребна ни е соработка, заедништво. […]

СП 2022: Сепак без алкохол пред стадионите


  Организаторите на Светското фудбалско првенство во Катар објавија денеска дека пиво, сепак, нема да им се продава на навивачите на просторот околу стадионите, пренесуваат локалните медиуми. Објавата доаѓа на само два дена пред почетокот на Мундијалот, прв кој ќе се одржи во земја од Блискиот исток. Главниот спонзор на СП, компанијата „Бадвајзер“ според првичниот […]

Продолжува конзервацијата и заштитата на најголемиот иконостас во Македонија


  Конзерваторите од битолскиот и од прилепскиот Завод и музеј интензивно работат на реставраторските и конзерваторски работи на заштитата на монументалниот иконостас во прилепската црква „Свето Благовештение“. Тимот стручњаци работи на втората фаза од проектот на заштитата на иконостасот по ланските почетни детектирања на општетувањата и првите зафати на конзервација и реставрација. Догодина ќе биде […]

Црвенковска: Правдата не смее да познава дискриминација и предрасуди ако сакаме судство со доверба


 Европските вредности не препознаваат дискриминација според родовата припадност, а неопходно е ние да ги следиме процесите и да учествуваме во креирањето на рамноправно општество кое нуди еднакви можности за сите и кое ги вклучува жените како идентичен фактор во креирањето иднина на државата, истакна претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска, при промоцијата на публикацијата на […]

Еуроактив: 30 отсто од албанските граѓани се иселиле, половина од населението сака или планира да замине


 Според податоците објавени од Форбс, албанските граѓани ја сочинуваат третата по големина дијаспора во светот, со околу 30 отсто од родените во земјата, кои сега живеат надвор од нејзините граници, пишува Еуроактив. Додава дека на рангирањето на Форбс, Албанија е трета со околу 1,2 милиони имигранти, бројка која ја става земјата над Сирија, Молдавија и […]

Од утре влажен бран и дождови со променлив интензитет


 Подрачјето на нашата земја за време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе биде под влијание на серија влажни бранови. Времето ќе биде променливо облачно, наместа со врнежи од дожд со променлив интензитет, најавуваат од УХМР.  Утре ќе биде релативно топло со сончеви периоди, а в недела и понеделник врнежи ќе има на […]

Турски „Текнопанел“ ќе инвестира 20 милиони евра и ќе отвори 120 вработувања во ТИРЗ Скопје 1


Инвестиција вредна 20 милиони евра која треба да отвори 120 работни места, вака денеска е најавен новиот производствен капацитет на турската високотехнолошка компанија „Текнопанел“ што веќе се гради во ТИРЗ Скопје 1. Договорот за инвестицијата го потпишаа премиерот Димитар Ковачевски, директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски и Орхан Кахвеџи, сопственик и член на Управниот одбор […]

ДЗР: АМС не распределувала праведна финансиска поддршка на федерациите


Агенцијата за млади и спорт (АМС) да воспостави соодветни критериуми за распределба на средствата од нејзините програми до националните спортски федерации (НСФ) и спортистите, како и ефикасни интерни контроли на трансферираните средства кон НСФ, се дел од клучните препораки во ревизорскиот извештај што го објави денеска Државниот завод за ревизија (ДЗР). Извештајот на ДЗР е […]

Фатиме Фетаи се откажа – не сака да биде шефица на Вишото обвинителство


  Нешто се променило во последен момент. Познатата обвинителката Фатиме Фетаи се повлекла од трката за шеф на Вишо јавно обвинителство во Скопје. Во Советот на јавните обвинители примиле и-мејл од неа со известување за повлекување на кандидатурата. Претседателот на Советот, Антонио Јолевски, како што јавија повеќе медиуми, сакал лично да се слушне со Фетаи […]

Последен ден на КОП27, ЕУ навестува компромис за климатските репарации


Европската Унија сигнализираше подготвеност за компромис за финансирањето на штетите поврзани со климата за ранливите земји, едно од неколкуте нерешени прашања на климатската конференција КОП27 (COP27), која треба да заврши денеска. Проблематично прашање, кое е во центарот на разговорите предводени од ОН за ограничување на климатските промени што се одржаа оваа година во Египет, е […]