Фатиме Фетаи се откажа – не сака да биде шефица на Вишото обвинителство


Фото: Б. Грданоски
 

Нешто се променило во последен момент. Познатата обвинителката Фатиме Фетаи се повлекла од трката за шеф на Вишо јавно обвинителство во Скопје.

Во Советот на јавните обвинители примиле и-мејл од неа со известување за повлекување на кандидатурата. Претседателот на Советот, Антонио Јолевски, како што јавија повеќе медиуми, сакал лично да се слушне со Фетаи за да ја потврди веродостојноста на електронската порака. 

Советот на јавните обвинители ја одложи минатата седница на која требаше да се избере личноста која ќе раководи со Вишото обвинителство, но членовите побараа да се одложи решањето затоа што доцна ситигнале оценките. Иако тие биле доставени уште пред една недела.

„Чудно е ова да се случи последен ден пред избори“, вели Јолески во изјава за „А1он“. Инаку, Фатиме Фетаи имала највисока оценка со 25 бода од тројцата кандидати. Нејзиното повлекување , кое мириса на резултат на политичка игра, е уште еден удар за обвинителството по минатонеделниот избор на Ислам Абази за шеф на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Другите двајца кандидати за шеф на скопското Вишо обвинителство се Мустафа Хајрулаи, кој и сега е на таа позиција и бара уште еден мандат, како и Бурим Рустеми, кој беше обвинител во СЈО.