Чех се обидел да влезе во Македонија со фалсификуван пасош


Вчера,  во 17.30 часот на Граничниот премин „Богородица“, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ го лишиле од слобода З.Л.(33) од Република Чешка.

При извршена пасошка контрола било констатирано дека неговата патна исправа била фалсификувана, односно биле направени промени во датумот на важноста.

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија, а по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 378 од Кривичниот законик.