Ученик нападнал соученик во приватно училиште во Карпош


Скопјанец пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од соученик.  На 22.11.2022 во 21.30 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(54) од Скопје пријавил дека околу 11.00 часот во приватно училиште на подрачје на Карпош неговиот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик, соопштија од МВР. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен […]

Инстаграм профилот на Џенифер Лопез ги брише сите објави, а другите социјални канали се темни


САД– Без објаснување, сметките на социјалните мрежи на Џенифер Лопез станаа црни, а нејзиниот Инстаграм беше целосно избришан. Инстаграм профилот на пејачката, актерот и продуцентот – кој со 226 милиони следбеници е нејзината најследена платформа – доцна во вторникот покажа дека наеднаш нема објави, а профилната фотографија е заменета со цврста црна слика. Сметките на […]

Калиопи со концерт во Народниот театар ,,Јордан Хаџи Костадинов – Џинот” во Велес


Поп-ѕвездата Калиопи (55), по седум години откако го одржа својот последен солистички концерт во Битола, повторно најави самостоен концерт во земјава, и тоа во Велес, во Народниот театар ,,Јордан Хаџи Костадинов – Џинот”. Настанот е закажан в сабота (26 ноември), во 20 часот на големата сцена ,,Петре Прличков”. Како што е наведено во најавата за […]

Објавен трејлерот за серијата за Кемал Ататурк што се снимаше во Битола, во продукција на „Дизни+“


На повеќе локации во Битола и околината минатиот месец се снимаше серијата „Ататурк“ во продукција на турската продуцентска куќа „Ланистар медиа“, во соработка со македонската продуцентска куќа „Сектор филм“. Овој проект е финансиски поддржан од каналот „Дизни+“, каде што ќе се емитува серијата. Серијата ќе го обработува животот на светскиот револуционер и државник Мустафа Кемал […]

Стопанска банка – Скопје одбележа почеток на градба на нова управна зграда, прва во својата богата историја


  Денес на свечена церемонија Стопанска банка – Скопје го одбележа започнувањето на градежните работи за изградба на нова управна зграда. Како дел од урбаната средина во срцето на градот, новиот современ објект ќе обезбеди врвни услови за работа за вработените на Банката и за нејзините бројни клиенти. Стопанска банка АД – Скопје, како дел […]

Народната банка со надолни корекции за растот на БДП, нагорни за инфлацијата


  Раст на домашниот бруто-производ од два до 2,3 отсто оваа година и на инфлацијата од 14,3 отсто предвидува Народната банка во најновите макроекономски прогнози кои ги презентира денеска гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска. Ова претставува надолна проекција за економскиот раст, а нагорна за инфлацијата  во однос на претходните априлски проекции, рече таа на прес конференција во […]

Хил: Прашањето за регистерските таблички на Косово треба да се одложи за една година


 Прашањето за регистарските таблички во Косово треба да се одложи за една година и да се посвети внимание на решавање на клучните прашања, порача американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил, јави дописникот на МИА од Белград. Одговарајќи на новинарски прашања, Хил изјави дека е неопходно да се изнајдат долгорочни решенија во Косово и дека таа […]

Короната е тука, за седум дена од Ковид-19 починале седуммина


  Министерството за здравство престана со медиумите да споделува податоци за новозаразени со Ковид-19 и за починати лица од болеста, а на интернет страницата на Институтот за јавно здравје може да се најдат неделни податоци за состојбата со пандемијата. Во периодот од 14 до 20 ноември од Ковид-19 починале седум лица, три во Скопје и […]

Во Загреб отворени изложбите посветени на 90 години од раѓањето на Љубомир Бранѓолица


Во Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Загреб од завчера отворени се изложби на уметници од нашата држава. Станува збор за изложбата на акварели на Марија Светиева и Виктор Брангјолица и изложбата  „Каламота подалеку од светлината” на Влахо Бранѓолица по повод 90 години од раѓањето на истакнатиот композитор Љубомир Бранѓолица. Изложбите се во организација на […]

Ново поевтинување на бензините, цената пониска за два денари за литар


  Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,89 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 86,5, а […]

Поради недоволна информираност и знаење, компаниите не излегуваат на берзата


  Малата информираност и знаењето за функционирањето на берзата и за користењето на хартиите од вредност, како и последиците од здравствената, енергетската и економската криза се основните причини за неизлегувањето на македонските компании на берзата, е главниот заклучок на тркалезната маса што ја организираше Македонска берза. Сепак, учесниците на трибината посочија дека е идеално да […]

Петнаесет години затвор за неготинецот кој ја претепа партнерката до смрт


Петнаесет години затвор пресуди судот во Кавадарци, за неготинецот што ја претепа партнерката и таа почина од повредите. – Основен суд Кавадарци известува дека на ден 22.11.2022 година по одржаната главна и усна расправа, обвинетиот П.Н. од Неготино за кривично дело Тешка телесна повреда по чл. 131 ст. 4 вв ст. 2 вв ст. 1 […]

Бесими: Јавниот долг до крајот на годинава нема да достигне 60 отсто од БДП


  До крајот на годината јавниот долг нема да достигне ни 60 отсто од БДП, иако предвидувавме да биде 65,6 проценти, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими пред собраниската Комисија за финансирање и буџет. Бесими се јави за збор веднаш откако претседателот на Комисијата Бојан Стојаноски го квалификуваше Предлог-буџетот за 2023 година како историски […]

За ВМРО-ДПМНЕ Предлог-буџетот 2023 е нереален, инфлаторен и расипнички


Историски највисок, нереален, инфлаторен и надуен балон кој е прашање на време кога ќе експлодира. Вака претседателот на собраниската Комисија за финансирање и буџет Бојан Стојаноски го квалификуваше Предлог-буџетот за 2023 година што го образложи министерот за финансии Фатмир Бесими. Стојаноски се јави прв за збор на денешната седница на Комисијата на чиј дневен ред […]

И Годо ќе дојде во Скопје, ама автoбус никако


Приватните превозници од јавниот градски сообраќај во Скопје, кои имаа за задача да ги надополнат линиите од автобускиот сообраќај за скопјани да можат навремено да стигнат на работа, во училиште, на лекар, не се во функција. Автобуси на ЈСП, сега во обратна улога, требаше да ги надополнат овие линии, но граѓаните на главниот град деновиве […]

Андонов апелира сите заедно да заштедиме денес, за да имаме утре


Со почитување на препораките минатиот месец во споредба со истиот месец лани, државните институции успеале да заштедат 24 проценти од електричната енергија. Владата заштедила вкупно 32 отсто на електрична енергија, информираше на денешната прес-конференција Виктор Андонов, соработник на Владата за енергетика. – Во месец септември, во споредба со истиот месец лани имавме 20 проценти заштедена електрична енергија, […]

Учениците од ДУЦОР „Партенија Зографски“ можат безбедно да стигнат во училиште


Глувите и наглувите ученици од ДУЦОР „Партенија Зографски“ од општина Гази Баба можат безбедно да стигнат во училиште. Булеварот „Александар Македонски“ доби семафори, а претходно на делот со фреквентната улица „Благоја Стефковски“ беа поставени лежечки полицајци, знаци и вибрациски ленти за намалување на брзината. Ова е резултат на барањата на глувите и наглувите ученици од […]

Воспоставен прв стратешки дијалог меѓу Македонија и Франција во одбраната


Соработката помеѓу Северна Македонија и Франција, две земји сојузнички во НАТО – Алијансата добива нов интензитет, особено по усогласувањето на новиот Договор за соработка кој неодамна во Париз го потпишаа министерката Славјанка Петровска и нејзиниот француски колега, министерот Себастијан Лекорну. Како продолжение на воспоставената соработка, денеска во Министерството за одбрана започна првиот стратешки дијалог во […]

Случајот со Онишченко е црвен картон за АНБ, оценува Борјан Јовановски


  Дојде време кога како држава треба да ги преземеме сите обврски кои произлегуваат од привилегијата да се биде под безбедносниот чадор на НАТО. Обидот да се заврши приказната во Агенцијата за национална безбедност во случајот со Украинецот Александар Онишченко со префрлање на вина на еден или двајца и тоа во секторот за соработка со […]

МКЦ е домаќин на LIVEUROPE фестивал за прв пат во Скопје


ЈУ Младински културен центар во 2020 година стана полноправна членка на реномираната мрежа на најголемите концертни сали во Европа, LIVEUROPE. Liveurope е мрежа на легендарни концертни сали меѓу кои и Melkweg (Амстердам), Vega (Копенхаген), Ancienne Belgique (Брисел) и други дваесетина препознатливи и популарни сали, кои се од огромна важност за функционирањето на европската музичка индустрија. […]