Објавен трејлерот за серијата за Кемал Ататурк што се снимаше во Битола, во продукција на „Дизни+“


На повеќе локации во Битола и околината минатиот месец се снимаше серијата „Ататурк“ во продукција на турската продуцентска куќа „Ланистар медиа“, во соработка со македонската продуцентска куќа „Сектор филм“. Овој проект е финансиски поддржан од каналот „Дизни+“, каде што ќе се емитува серијата. Серијата ќе го обработува животот на светскиот револуционер и државник Мустафа Кемал Ататурк и ќе има шест епизоди.

„Дизни+“ неодамна објави трејлер за серијата, иако деталите поврзани со неа засега остануваат доверливи.

Трејлерот го открива тогашниот потполковник Мустафа Кемал пред битката кај Чунук Баир, изговарајќи адаптирана верзија на стиховите на турскиот писател Намик Кемал: „Нека непријателот ја залепи својата кама во срцето на татковината, ќе видат човек кој ќе ја спаси црната судбина на мајка си“.


Арас Булут Ијнемли ќе ја толкува улогата на Ататурк, а се шпекулираше дека ќе глуми со светски познатата актерка Ема Вотсон.

Премиерата на серијата ќе се емитува на 100-годишнината од републиката.