Стефановиќ поднесе предлог резолуција во Собранието на Србија за воведување санкции против Русија


Потпретседателот на српското Собрание од редовите на опозицијата, Борко Стефановиќ, соопшти дека до Комисијата за надворешни работи испратил предлог резолуција за усогласување на надворешната политика на Србија со политиката на Европската унија, со која се предлага воведување соодветен пакет санкции против Русија, кои Владата би морала веднаш да ги спроведе, јави дописникот на МИА од […]

Препознајте ги симптомите на мозочен удар


Препознавањето на симптомите на мозочен удар, адекватното и навременото згрижување на пациентот се од клучно значење за спречување на најлошите последици од оваа болест. Симптоми што укажуваат на мозочен удар се: пореметување на движењата на едната страна од телото, слабост, несмасност, одземање на функцијата на едната рака или нога, трнење на едната страна од лицето […]

Спину: Половина Молдавија остана без струја


Руските ракетни напади врз енергетската инфраструктура на Украина предизвикаа прекин на испорака на струја во половина Молдавија, изјави денеска вицепремиерот Андреј Спину. – „Молделектрика“ работи на обновување на напојувањето на повеќе од 50 отсто од државата со електрична енергија, рече Спину. Полицијата и молдавската компанија која снабдува електрична енергија на југот и центарот на земјата […]

Маж од Велешта со прострелни рани примен во струшката болница


Педесет и петгодишно лице од Велешта денеска е примено во струшката болница со две прострелни рани во градниот кош. Случајот во полиција го пријавил лекар од Општата болница во Струга. – Во ОВР Струга е пријавено дека во Општата болница во Струга, со прострелна рана е примен Д.Б. (55) од струшкото село Велешта. Полицијата врши […]

Расправа за Буџетот: Да немаше енергетска криза, дефицитот ќе беше помал


 Собраниската Комисија за финансирање и буџет доцна попладнево ја заврши денешната расправа за Предлог-буџетот за 2023 година, а продолжението на 52-та седница е закажано за в петок во 11 часот. За опозицијата буџетот не е развоен туку инфлациски, кризата не е увезена, а за лошата економска состојба на државата е највиновна Владата. За пратениците од владејачкото мнозинство […]

Спасовски: Зајакнување на соработката со земјите во регионот и ЕУ во справувањето со миграцијата е меѓу приоритети на МВР


Меѓу главните приоритети на МВР во делот на миграцијата е продлабочување и одржување на меѓународната соработка со земјите од регионот, со земјите на транзит и со земјите на потекло, со агенциите на ЕУ и други релевантни меѓународни организации, како и преку активно учество во бројни меѓународни и регионални платформи, иницијативи и процеси, истакна денеска министерот […]

Владата иницира постапка за одземање на државјанството на Онишченко


Владата ја информира јавноста дека согласно членот 14 од Законот за државјанство на Република Северна Македонија, побара да се започнат активности за поништување на решението за прием во државјанство на Северна Македонија за лицето Александр Онишченко. Владата го иницираше барањето за одземање на државјанство на Онишченко, по одржаната владина седница на којашто Агенцијата за национална […]

Евростат: Од почетокот на година речиси двојно намален европскиот увоз на енергија од Русија


 Пред нападот врз Украина Европска Унија увезувала помеѓу 26 и 7,6 отсто од вкупниот увоз на енергија од Русија, соопшти Евростат. Помеѓу првиот и вториот квартал, увозот на енергија, пред се на гас и нафта, е драстично намален, а трендот на намалување продолжи и во третиот квартал. Севкупно, од првиот до третиот квартал, уделот на […]

Отворање на изложба „Украина се сеќава, светот признава!“ во Собрание


По повод Денот на сеќавањето на Гладомор – 26 Ноември, денеска во Кристалната сала во Собранието, ќе има отворање на изложба „Украина се сеќава, светот признава!“. Изложбата ќе биде отворена со воведни обраќања на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, Амбасадорката на Украина во Република Северна Македонија, Лариса Дир, заменик Народен правобранител на Република […]

Австрија го поддржува влезот на Хрватска во шенген зоната


Хрватска–  Австрија ќе го поддржи членството на Хрватска во шенген зоната, изјави денеска во Загреб австрискиот канцелар Карл Нехамер, откако неговиот министер за внатрешни работи претходно се спротивстави на проширувањето на шенген зонатаи изрази загриженост дека Виена ќе го блокира пристапот на Хрватска од првиот ден на следната година. – За трите земји ќе се […]

Во Словенија покрената истрага поради труење со салмонела


Словенија– Националниот институт за јавно здравје  на Словенија (НИЈЗ) денеска почна широка епидемиолошка истрага поради пријавени случаи на труење со салмонела во неколку региони на земјата. Бројот на случаи на труење со салмонела, кои првично беа пријавени во источна Словенија, денеска се искачи на 19, а пријавени се и случаи и во други региони. Според […]

СП2022: Германците во знак на протест ги покрија устите


Германските фудбалски репрезентативци со рацете ги покрија своите усти за време на групното фотографирање пред денешниот натпревар на Светското првенство во Катар против Јапонија, одговарајќи на тој начин на заканите од ФИФА за санкции поради капитенските ленти со натписот „Една љубов“ (One love). Сите германски играчи се приклучија кон гестот пред десетици фоторепортери пред воведниот натпревар во […]

Кибер напад врз веб-страницата на ЕП


Белгија  –   Веб-страницата на Парламентот на ЕУ е под кибер напад по гласањето со кое Русија е прогласена за држава „спонзор на тероризмот“, поради војната против Украина и уништувањето на цивилната инфраструктура на земјата. Гласањето се одржа претходно денеска, при што Парламентот на ЕУ ги обвини руските сили за злосторства за време на војната против […]

Во сите образовни системи во регионот постојат стереотипи за соседите


Многу е важно сите да го признаеме фактот дека постојат стереотипи за нашите соседи во рамки на сите образовни системи во регионот. Затоа нема подобар начин еден човек да се развива од тоа да студира во една мултикултурна средина и да го разменува она што го научил со своите другари и колеги. На овој начин […]

Нова сензација на Мундијалот, Јапонија ја шокираше Германија


Јапонците направија големо изненадување на СП во Катaр совладувајќи ја Германија со 2:1. Групата Е на Светското првенство во Катар беше отворена со средбата меѓу Германија и Јапонија, на која на полувремето водеше светскиот шампион од 2014 година, но упорните  Јапонци направија пресврт во второт полуврме и на крајот славеа со резултат 2:1. Стрелец за […]

УНИЦЕФ: Сè поголем број деца на Хаити заболуваат од колера


 На Хаити сè поголем број деца заболуваат од колера поради зголемената неухранетост, соопшти денеска УНИЦЕФ. Околу 40 отсто од случаите на заразени со колера во државата се деца. Притоа, девет од 10 случаи се пријавени во области каде владее гладот. – Сега ситуацијата е покомплицирана отколку порано, затоа што речиси половина од заболените од колера […]

АмЧам одржа Генерално собрание и избра четири нови членови на Одборот на директори


Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам Северна Македонија) денеска го одржа своето 22-ро Генерално собрание на кое беа избрани четири нови членови на Одборот на директори и беше направен преглед на најзначајните реализирани проекти и активности од годината што изминува. На Собранието се обрати американската aмбасадорка во земјава Анџела Агелер, која се заблагодари на […]

Истражување: Бизнис довербата во Европа за 2023 година е најниско историско ниво


  Бизнис довербата во Европа за следната 2023 година е помала отколку за време на финансиската криза 2008-2009 година и екот на пандемијата со Ковид-19 односно е на историски најниско ниво. Загриженоста за пристапот до енергија и суровини, недостиг на квалификации и трошоците за работна сила се меѓу клучните предизвици кои ги обликуваат наодите, врз […]

Намалување на енергетската сиромаштија во Град Скопје – Енергија за тебе


Поради потребата од отворено дискутирање за проблемот со зголемениот број на домаќинства кои се соочуваат со „енергетската сиромаштија“, здружението МАЦЕФ Скопје активно работи на спроведување на проектот „Намалување на енергетската сиромаштија во Град Скопје – Енергија за тебе“. – Спроведувањето на проектот „Енергија за тебе“ се јави како неопходност заради се поголемиот број на домаќинства […]

Приватните превозници чекаат средба со Арсовска


Приватните превозници од „Слобода превоз” и „Макекспрес” денеска се собраа пред Градот Скопје и побараа средба со градоначалничката на Градот, Данела Арсовска. Целта е како што велат, да го искажат незадоволството од состојбата во која се наоѓаат сега. -Јас сум прв меѓу еднаквите. Дојдовме денеска да побараме средба со градоначалничката, со цел да ја информираме […]