Спину: Половина Молдавија остана без струја


Руските ракетни напади врз енергетската инфраструктура на Украина предизвикаа прекин на испорака на струја во половина Молдавија, изјави денеска вицепремиерот Андреј Спину.

– „Молделектрика“ работи на обновување на напојувањето на повеќе од 50 отсто од државата со електрична енергија, рече Спину.

Полицијата и молдавската компанија која снабдува електрична енергија на југот и центарот на земјата побараа од луѓето да останат смирени.

Серија експлозии одекнаа претходно денеска во Киев, а експлозии се слушнаа и во регионите Дњепропетровск и Миколаев, каде што беа пријавени неколку удари.