Нова сензација на Мундијалот, Јапонија ја шокираше Германија

Фудбалерите на Јапонија го совладаа четрикратниот светски првак Германија со резултат 2:1


Јапонците направија големо изненадување на СП во Катaр совладувајќи ја Германија со 2:1.

Групата Е на Светското првенство во Катар беше отворена со средбата меѓу Германија и Јапонија, на која на полувремето водеше светскиот шампион од 2014 година, но упорните  Јапонци направија пресврт во второт полуврме и на крајот славеа со резултат 2:1.

Стрелец за Германците беше Илкај Гундоган, а во вториот дел Јапонците со головите на Рицу Доан и Такума Асано, двајцата играчи од клупата кои ја креираа втората голема сензација на овој Мундијал, откако тоа претходно го направи репрезнтацијата на Саудиска Арабија која ја совлада Аргентина со идентичен резултат.

Интересно, и двајцата јапонски стрелци играат во Бундеслигата, во Фрајбург и Бохум.

Сензацијата не е само што Јапонците го совладаа еден од фаворитите за титулата, туку и што Германците водеа со 1:0 до 75. минута со целосна доминација и грст пропуштени прилики. Јапонскиот тренер на крајот од мечот направи неколку измени на играчите и системот на игра, а резултатот беше два гола и голема победа над Елф.