Изборниот суд во Бразил ја одби жалбата на Болсонаро, сега ќе мора да плати казна


  Првиот човек на бразилскиот Изборен суд, Александре де Мораес, вчера ја отфрли жалбата на партијата на претседателот во заминување  Жаир Болсонаро против резултатите од изборите, во кои тој тесно загуби од неговиот ривал, Луис Инасио Лула да Силва, покажуваат судските документи. Мораеш, кој, исто така, е и судија на Врховниот суд на Бразил, и […]

Мелони се сретна со претставници на еврејските заедници, го осуди антисемитизмот


  Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, синоќа истакна дека еврејската заедница во таа земја е од „суштинско значење“, за Италија и за Европа. Изјавата Мелони ја даде на средбата со првиот човек на Светскиот еврејски конгрес и со претставници на италијанските еврејски организации. Новоименуваната премиерка на Италија се обидува да ја дистанцира нејзината партија „Браќата на […]

Над 238 илјади Европејци починале во 2020 година како последица на загадувањето на воздухот


  Најмалку 238 илјади луѓе во ЕУ починале предвремено во 2020 година поради загадениот воздух, и покрај тоа што квалитетот на воздухот генерално се подобрува, покажуваат најновите податоци на Европската агенција за животна средина (ЕЕА). Аналитичарите на агенцијата посочуваат дека загадувањето на воздухот е „најголемиот здравствен ризик во Европа и дека значително влијае на здравјето […]

Зеленски побара од СБ на ОН да ја казни Русија


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски ноќеска го повика Советот за безбедност на ОН да преземе акција против Русија поради нападите врз цивилната инфраструктура, што повторно ги оставија украинските градови без струја и вода во услови на зголемен студ.   Русија ги гаѓа градовите ширум Украина со канонада од ракети, убивајќи притоа десетици лица и принудувајќи […]

„Liveurope“ фестивал во МКЦ


  Во Младинскиот културен центар во Скопје првпат ќе се одржи „Liveurope“, откако МКЦ стана полноправна членка на реномираната мрежа на концертни сали во Европа. – Liveurope е мрежа на легендарни концертни сали меѓу кои и Melkweg (Амстердам), Vega (Копенхаген), Ancienne Belgique (Брисел) и други дваесетина препознатливи и популарни сали, кои се од огромна важност […]

Отворање на изложбата „Украина се сеќава, светот признава!“


  По повод Денот на сеќавањето на Гладоморот – 26 Ноември, денеска во Кристалната сала во Собранието, ќе биде отворана изложбата „Украина се сеќава, светот признава!“. На отворањето на изложбата ќе присуствуваат претседателот на Собранието Талат Џафери и украинската амбасадорка Лариса Дир. Гладомор е термин со кој се означува масовниот глад во советска Украина во […]

Без струја делови од Драчево, Островска, Кисела Вода, Козле и реонот околу салонот на „Мерцедес“ во Гази Баба


  Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе бидат дел од населбите Драчево, Островска, Кисела Вода и Козле и реонот околу салонот на „Мерцедес“ во Општина Гази Баба, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Како што се наведува во соопштението, според добиеното известување од ЕВН, од 08:30 […]

Концерт по повод 78 години од формирањето на Филхармонијата


  Оркестарот на Филхармонијата вечерва ќе одржи концерт насловен „Азно“, со кој ќе одбележи 78 години од формирањето на институцијата. На роденденскиот концерт како солист ќе настапат Кирил Трусов, еден од најдобрите виолинисти на светската музичка сцена во моментов, и македонската обоистка Гордана Јосифова Неделковска. Диригент на концертот е маестро Борјан Цанев, а на програмата […]

Облачно со локални врнежи од дожд и северозападен ветер


  Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд и со умерен, а наместа долж Повардарието и повремено засилен, ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени. Времето утре […]

Северна Македонија станува членка на Унијата за Медитеранот


  Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Барселона ќе присуствува на свечениот чин на пристапување на Северна Македонија во Унијата за Медитеранот, што ќе се одржи во рамки на Седмиот регионален форум на Организацијата. На состанокот на шефови на дипломатиите од 42-те земји членки на Унијата за Медитеранот, Османи учествува на покана на […]

Борел: Белград и Приштина постигнаа договор за регистерските таблички


  Белград и Приштина постигнаа договор во врска со регистерските таблички, потврди високиот преставник за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел, јави дописникот на МИА од Белград. -Со радост ви соопштувам дека главните преговарачи на Белград и Приштина постигнаа договор за мерките, како би ја избегнале натамошната ескалација и во потполност се фокусираат на предлогот […]

Не знам од каде ќе се најдат пари за приватните превозници, вели Трајко Славески


  Ни бесплатен превоз, ни 240 нови автобуси, па ни сто. Ништо од ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Dанела Арсовска од кампањата за локалните избори во Скопје. Сега Трајко Славески, претседател на Советот на Град Скопје, вели дека не знае од каде ќе се најдат пари да се платат приватните превозници, па тешко и […]

Војната се развлекува, санкциите го земаат данокот, а Русите стануваат покритични спрема Путин


  Ноември и декември во Москва се познати како најдепресивни месеци во годината. Деновите се кратки и мрачни, времето е премногу студено и влажно за да се биде на отворено, а во исто време сè уште е премногу топло и дождливо за да уживате во вистинска руска зима. Годинава чувството на меланхолија е уште поголемо, […]

Германија воведува измени во начинот на добивање лични документи


Вадењето нова лична карта или пасош во Германија секогаш вклучува посета на канцеларијата за издавање документи за лична идентификација. Меѓутоа, во иднина, апликантите ќе имаат можност документот да им биде испратен по пошта директно на нивната домашна адреса. Сојузното Министерство за внатрешни работи планира на граѓаните да им понуди можност за директна достава, изјави портпаролката […]

Газпром се закани дека ќе ја намали испораката на гас во Европа


Испораките на гас од Германија за Полска преку гасоводот Јамал-Европа значително се зголемија денеска, според операторот на гасоводот Gascade, додека испораките на руски гас за Европа преку Украина беа стабилни. Резервациите на капацитетите на Јамал за испорака на гас од Германија во Полска покажаа од осум до девет часот наутро по средноевропско време испорака на […]

Шпанија во декември ќе испрати војници и борбени авиони Ф-18 во Романија


 Шпанија ќе испрати најмалку 130 војници и осум авиони Ф-18 во Романија следниот месец за да го зајакне источното крило на НАТО, изјавија на заедничка прес-конференција шпанскиот премиер Педро Санчез и неговиот романски колега Николае Чука. Шпанија, исто така, ја потврди својата поддршка за „итно“ и „целосно“ присоединување на Романија во Шенген зоната, се вели […]

Во Кабул поставени 400 звучници да се поттикне слушање молитва на оџите


Четиристотини нови звучници се поставени во авганистанскиот главен град Кабул во обид да се охрабрат верниците да присуствуваат на молитвите, јавија денеска западни медиуми, повикувајќи се на информации од талибанската влада. „За време на претходната управа, звучниците беа отстранети и жителите не можеа да го слушнат повикот за молитва за муслиманите”, објави на Твитер Министерството […]

СП2022: Шпанија со високи 7:0 против Костарика


Шпанија ја забележа најубедливата победа во досегашниот тек на Светското првенство во Катар, совладувајќи ја вечерва Костарика со 7-0 (3-0) во рамки на воведното коло во групата Е. Серијата голови ја отвори Дани Олмо во 11 минута по што Шпанија до полувремето ги реши сите дилеми околу победникот со головите на Марко Асенсио (21) и Феран Торес […]

Тревога во Киев по голем број експлозии, најмалку еден загинат


Повеќе експлозии се слушнаа денеска во Киев, каде се огласија сирените за воздушен напад. „Погоден е еден од инфраструктурните објекти во главниот град. „Останете во засолништа! Воздушната тревога продолжува“, напиша на Телеграм градоначалникот Виталиј Кличко. Кличко не даде повеќе детали. Едно лице загинало кога била погодена двокатна зграда во главниот град на Украина. Има и […]

Македонија ќе биде дел од Европската миграциска мрежа


Во областа „Правда, слобода и безбедност“ е направен првиот чекор во „забрзување на интеграцијата“. Побаравме Северна Македонија да стане дел од Европската миграциска мрежа, што е доказ плус за добрата подготвеност во оваа област и посветеноста на македонскиот преговарачки тим на процесот, изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во Брисел, каде денеска заврши […]