Изборниот суд во Бразил ја одби жалбата на Болсонаро, сега ќе мора да плати казна


Жаир Болсонаро бара уште еден мандат

 

Првиот човек на бразилскиот Изборен суд, Александре де Мораес, вчера ја отфрли жалбата на партијата на претседателот во заминување  Жаир Болсонаро против резултатите од изборите, во кои тој тесно загуби од неговиот ривал, Луис Инасио Лула да Силва, покажуваат судските документи.

Мораеш, кој, исто така, е и судија на Врховниот суд на Бразил, и нареди на партијата на Болсонаро да плати казна за неоснованата жалба.

Либералната партија на Болсонаро поднесе жалба оспорувајќи ги изборните резултати, тврдејќи дека некои машини за броење гласачки ливчиња не беа исправни и затоа гласачките ливчиња не треба да се бројат.

Политичките аналитичари и експертите за избори предупредија дека жалбата нема основа, иако сепак може да ги мобилизира поддржувачите кои протестираат против поразот на Болсонаро.

Блокадите што неговите поддржувачи ги поставија низ Бразил речиси исчезнаа на почетокот на ноември и само десетина од најупорните продолжија да демонстрираат пред касарните.

Екстремниот десничар Болсонаро сè уште не му честита за победата на својот противкандидат, левичарот Луис Инасио Лула да Силва, кој треба функцијата да ја преземе од него на 1 јануари 2023 година.