Не знам од каде ќе се најдат пари за приватните превозници, вели Трајко Славески


 

Ни бесплатен превоз, ни 240 нови автобуси, па ни сто. Ништо од ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Dанела Арсовска од кампањата за локалните избори во Скопје. Сега Трајко Славески, претседател на Советот на Град Скопје, вели дека не знае од каде ќе се најдат пари да се платат приватните превозници, па тешко и да за плати во ЈСП, а не да се мисли за проекции за иднината.

Зборувајќи на ТВ 24 Славески рече дека советниците немале ниту информација за заостанатите три плати во ЈСП ниту пак за најавениот штрајк на вработените, додавајќи дека издвојувањето на 133 милиони денари од другите ставки на градскиот буџет било изнасилено решение со давање задачи на градоначалничката да се реши ситуацијата.

Според него, не е јасно од каде ќе се најдат пари исплата приватните превозници, посочувајќи го директорот на ЈСП неговото лошо менаџирање како голем виновник.
„Сега испаѓа дека оваа дупка на ЈСП била многу поголема. Станува збор за побарувања од страна на приватните превозници од околу еден милион евра, тоа е застрашувачка цифра и јас не знам од каде ќе се обезбедуваат тие пари, бидејќи изгледа дека  ЈСП не продуцира доволно приходи поради најверојатно лошо менаџирање, како и поради онаа обврска која Град Скопје ја испорачува кон Владата од околу 2 милиони евра за бесплатниот превоз. Значи, ние се наоѓаме затечени од целата ситуација“, рече Славески.