Украинскиот парламент ја ратификуваше Истанбулската конвенција за насилство врз жените и семејно насилство


Украинската Врховна рада (Парламент) денеска ја ратификуваше Истанбулската конвенција за насилство врз жените и семејно насилство, пренесоа светските агенции. „Историска одлука. Истанбулската конвенција е ратификувана“, се вели на официјалниот Твитер профил на украинскиот Парламент. Според официјалното пребројување, 259 пратеници гласале „за“, 8 гласале против, 28 гласале со празни ливчиња и 47 биле воздржани. „Историски настан […]

Финската премиерка доби поддршка за НАТО и побара преговорите со Македонија да започнат веднаш


  Ако некому не му беше јасно зошто финската премиерка Сана Марин дојде во Скопје на неколку дена пред самитот на ЕУ и десетина дена пред самитот на НАТО во Мадрид, на прес-конгференцијата беше објаснето – да добие поддршка за членството на нејзината земја во Алијансата. Марин тоа и го доби со недвосмилената изјава на […]

Рекорден раст на цените на производителите во Германија


Растот на цените на производителите во Германија се искачи на ново рекордно високо ниво во мај, поттикната од цените на енергијата, покажуваат податоците на германската статистичка канцеларија Дестатис во понеделникот. Производните цени на годишно ниво скокнаа за 33,6 отсто во мај, од 33,5 отсто во април. Претходно се проценуваше дека во мај повторно ќе порасне […]

Во Словенија недостиг на гориво на бензинските пумпи


На многу места во Словенија денеска граѓаните не можеа да полнат гориво на бензинските пумпи, а проблеми има и со сите добавувачи. Исчезнување на гориво е пријавено на бензинските пумпи „ОВМ“, „Петрол“ и „МОЛ“, јавуваат словенечките медиуми, пренесе Срна. Штаерска, Помурје, Прекмурје, Горња Савињска долина, Илирска Бистрица, Велење, Јесенице, Камник, Нова Горица, Горишка брда се […]

ЕЦБ: Пристигнувањето на украинските бегалци ќе ја зголеми работната сила во еврозоната до 0,8 отсто


Повеќе од половина од бегалците од руската инвазија на Украина, кои сега се во еврозоната, би можеле да се приклучат на работната сила во наредните години, соопшти Европската централна банка. Оние кои бегаат од конфликтот може да имаат „среднорочна стапка на учество во работната сила меѓу 25 и 55 отсто за бегалците на работоспособна возраст“ […]

Австрија враќа во функција стара електрана на јаглен затворена во 2020 година


Со оглед што Русија со денови ѝ доставува помали количини гас на Австрија, канцеларот Карл Нехамер одржа кризен состанок со членовите на неговата влада и експерти, на кој беше одлучено повторно да се активира старата електрана на јаглен Мелах. Електраната Мелах беше затворена во пролетта 2020 година по 34 години работа. Според одлуката од состанокот, […]

За Румен Радев францускиот предлог бил „најдобар досега“


  Предлозите на француското претседателство за решавање на спорот меѓу Бугарија и Македонија се „најдобри досега“ и не само за Бугарија, туку и „најправедни“, рече бугарскиот претседател Румен Радев за време на неговата посета на Рига, Летонија, на собирот на иницијативата „Три мориња“. Во исто време, тој побара владата да не се откажува од своите […]

Расте притисокот владата да се изјасни за францускиот предлог пред сите други


  Нема многу корисн работи во францускиот предлог за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија и владата треба итно да се огласи за него и да го отфрли. Таков реторика преовладуваше на денешната трибина организирана од Институтот за европска политика и Институтот за демократија. Оние што дискутираа рекоа дека францускиот предлог е штетен за […]

15.000 патници го чекаат својот багаж на аердоромот „Хитроу“ во Лондон


Шокантни фотографии се споделуваат на социјалните мрежи од хаосот што го зафати еден од најголемите светски аеродроми „Хитроу“ во Лондон. Илјадници куфери и патнички торби стојат нераспределени на нивните сопственици. Проблемот настал во петокот кога се случил технички дефект, а денеска аеродромот замоли неколку авионски компании да ги откажат своите летови за да може багажот […]

Санкции за четири возила, врешеле меѓународен превоз на патници без документација


Полициски службеници од полициските станици за граничните премини „Табановце“, „Долно Блаце“ и „Пелинце“ вчера и завчера извршиле контрола на две патнички возила, еден автобус и еден минибус кои вршеле меѓународен превоз на патници, при што констатирале дека сите вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација. Како што соопштија од МВР, при контрола […]

Вучиќ: Одлуката за учество на Самитот во Брисел ќе ја донесам по консултации со Владата и со земјите од Отворен Балкан


 Српскиот претседателот Александар Вучиќ денеска најави дека утре ќе има консултации со премиерите на Северна Македонија и на Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, како и со Владата на Србија за претстојниот Самит за Западен Балкан, па дури тогаш ќе донесе одлука дали ќе патува во Брисел, јави дописникот на МИА од Белград. – Тогаш […]

Летен фестивал на книгата во ТРИ


Почна Летниот фестивал на книгата во ТРИ и ќе трае се до 20.08. годинава.  Под слоганот „Секоја страница – нова станица“ во сите книжарници на ТРИ и на  kniga.mk ве очекува понуда која ќе ви овоможи што е можно повеќе книги под дебелите сенки, на песочните плажи, во шумите или насамо во срцето. Најавуваме многу нови наслови […]

Три децении Комисија за хартии од вредност: Финансискиот систем успешно одговори на кризата


Финансискиот систем успешно одговори на заканите од ковид-кризата и е подготвен да се справи и со натамошни предизвици, истакна премиерот Димитар Ковачевски на одбележувањето на јубилејот – 30 години од основањето на Комисијата за хартии од вредност. Тој посочи дека финансиските регулатори, меѓу кои и КХВ, внимателно ги следеа состојбите, ги приспособуваа своите политики и […]

Во нацрт-документите за самитот на ЕУ засега нема ништо за спорот меѓу Бугарија и Македонија


  Додека јавноста е крената на нозе околу францускиот предлог за кревање на бугарското вето (а и поделена дали македонските власти веднаш да го отфрлат пред сите други) во документите што се подготвуваат за самитот на ЕУ околу проширувањето засега не се споменува ништо околу спорот меѓу Бугарија и Македонија. Тоа го наведуваат српската агенција […]

Заврши општиот претрес по ребалансот на Буџетот, попладне почнува амандманската расправа


Членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја завршија општата расправа по Предлог-ребалансот на Буџетот, на која пратениците од опозицијата и од власта останаа на спротивставени ставови по однос на доставениот буџетски измени. За опозицијата, ребалансот е доказ дека „економијата е разрушена“ и дека „постојано се зголемува сиромаштијата“. Според опозициските пратеници, се работи […]

„Брако“ на саемот „Wire – Join the best“ во Дизелдорф


„Брако“ од Велес од денес ја претставува Програмата за жица и жичани производи во Диселдорф, на водечкиот саем од областа на жичаната индустрија во светски рамки, „Wire Dusseldorf“ 2022 . Жичаното производство е една од првите производствени програми во „Брако“, која континуирано се развива со низа инвестициски активности во технолошки и просторни капацитети. Со најновите […]

Судската полиција бара повисоки плати за 15 отсто


Министерот за правда Никола Тупанчески денеска имаше средба со со претставниците на Независниот синдикат на судската полиција на која беше информиран за нивните барања за зголемување на платата за 15 отсто. Договорено е најдоцна до крајот на неделата  да се воспостави комуникација со Министерството за финансии околу обезбедувањето на финансиски средства, соопшти Министерството за правда. Министерството, […]

Над 50 награди за „Тиквеш“ на четирите пролетни престижни светски и регионални вински натпревари


Вината на „Тиквеш“ и на „Tikveš Châteaux & Domainеs“ освоија вкупно 51 трофеи, медали и признанија на четирите најпрестижни и највлијателни светски и регионални вински натпревари што се одржуваат во овој дел од годината. Заедно со нив, вкупниот број освоени награди на сите натпревари што се одржаа во првиот дел од оваа година се искачи […]

Tренчевска: Политики и регулатива за спротивставување на насилството врз жените и девојчињата


Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска денеска учествуваше на регионалниот форум „Виртуелното е реално: Зајакнување на законодавната рамка за поддршка на телесната автономија“, во организација на Фондот за население на Обединетите нации-УНФПА, информираат од прес-службата на министерката. Во соопштението се вели дека говорниците од регионот дискутирале за тековните состојби со сајбер насилството во нивните држави […]