За три дена 81 нов ковид случај, нема починати


Во последните три дена регистрирани се 81 нов случај на КовидД-19 од направени 1.972 тестови, а нема починати како последица на вирусот, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје. Како што информрираат од Министерството за здравство, од новозаболените, 53 се во Скопје, по пет од Битола и Прилеп, три  Велес, по двајца од Куманово, Тетово […]

Руинираните куќи во конзулска Битола опасност за минувачите


  БИТОЛА – Стотина стари градски куќи, со децении оставени на забот на времето, руинирани, напуштени, претставуваат битолските минувачи во централното градско јадро на Битола. Меѓу нив, за жал се и неколку куќи, едни од најубавите градби каде што биле сместени конзулатите во 19 и 20 век во времето на конзулска Битола. Она што е […]

Машка мода во Ист гејт мол : Ревија на брендови за сите генерации


По повод „Денот на таткото” кој трговскиот центар Ист Гејт Мол го означи со активности во текот на цела недела, во исклучителниот простор  на молот  викендов се одржа пригодна модна ревија посветена на енергичните, смели, урбани и модно освестени мажи, во режија на Снежана Богдановска – Сани и нејзиниот тим. Во посебна атмосфера, со специјални […]

Доста е со „миење раце“ околу ветото на Бугарија, вели политикологот Огњан Минчев


  Познатиот бугарски политиколог Огњан Минчев вели дека тамошните политички структури не треба лесно да го отфрлат францускиот предлог за начинот како да се крене ветото на Софија за македонија и дека треба тој внимателно да се анализира. Иако за тоа речиси и да нема време. Денеска попладне амбасадорите на ЕУ се среќаваат во рамките […]

Неготинчанката Анастасија Божинова втора придружничка на Мис на Евроазија во Анталија


Неготинчанката Анастасија Божинова (18)  ја освои титулата втора придружничка на изборот за Мис на Евроазија 2022 кој синоќа се одржа во прекрасниот хотел Титаник Мардан Палас во Анталија, Турција. Во конкуренција на 30 девојки од исто толку држави од Европа и Азија победи претставничката на Бугарија, а титулата прва придружничка ја освои мис Казахстан. Преубавата […]

Историја во Колумбија: поранешниот левичарски герилец Петро стана претседател


  Левичарот Густаво Петро, ​​поранешен член на герилското движење М-19, кој вети длабоки социјални и економски промени, го освои претседателството на Колумбија во неделата, првиот прогресивец што го сторил тоа во историјата на земјата. Петро го победи градежниот магнат Родолфо Хернандез со неочекувано голема разлика од повеќе од 700.000 гласови, што според аналитичарите е демонстрација […]

Воздухопловниот сектор очекува профит во 2023 година


Глобалниот воздухоловен сектор годинава посилно ќе закрепне од ефектите на пандемијата на коронавирусот отколку што претходно се проценуваше и веќе следната година може да се најде во плус, очекува Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА). На годишното генерално собрание во Доха ИАТА денеска ги објави проценките за падот на глобалните загуби годинава на 9,7 милијарди […]

(Видео) Торнадо што траеше само една минута во Кина преврте автомобили


  Градот Фошан на југот на Кина се најде на удар на торнадо. Иако траеше само една минута, оштетени се бројни згради, возила и сообраќајна инфраструктура. Силното торнадо го погоди градот Фошан, а кинеската државна телевизија CCTV објави снимки на кои се гледа како летаат покриви од згради како да се од хартија, а искинати […]

“Балканска приказна”- нова турска серија се снима во Македонија, од утре на ТРТ 1


„Balkan Ninnisi“ или Балканска приказна, една од најамбициозните продукции за Турција снимена во странство по долги години, по сценарио на Угур Узунок, сценаристот на „Долина на волците“ започнува со прикажување на првата епизода на ТРТ1 од утре, 21 јуни во 19 часот по македонско време. Гала промоција на Балканска приказна ќе се одржи и во […]

„Кавијар” од Македонија : Влатко Стефановски за првпат со концерт во Тирана


  Влатко Стефановски, легенда, светско, а наше во саботата вечер, за прв пат во својата богата кариера настапи во Тирана, Албанија. На сцената, виртуозниот гитарист и автор, во својот оригинален стил донесе беспрекорни етно, рок, поп и џез звуци, во придружба на својот син Јан Стефановски – тапани и Иван Кукиќ – на бас. А, […]

РКЕ наредната недела ќе ги дефинира блоковите за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) е при крај со анализите и во текот на наредната недела ќе ги дефинира блоковите за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач со електрична енергија, информира денеска претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски. – Со сигурност од сега можам да кажам дека блоковите ќе бидат зголемени, а конкретно […]

Лето со попусти и забава – овој петок Late Night Shopping во Скопје Сити Мол


Веќе десет години најомилен дел од јуни се неверојатните попусти во омилениот трговски центар, кои кулминираат со најдобриот ден за попуст во кој продавниците во Скопје Сити Мол работат до полноќ – Late Night Shopping во Скопје Сити Мол. Оваа година за посетителите и љубителите на шопингот подготвивме извонредни попусти, но и одлична забава за […]

Абазовиќ ги повика граѓаните на одговорност и штедење


Претседателот на црногорската Влада Дритан Абазовиќ стравува од криза, како прехранбена така и енергетска, на есен, апелирајќи граѓаните да бидат одговорни и да штедат кога се во прашање горивото и електричната енергија. – Не е ова апел да се променат навиките, но, едноставно сите во светот ги чека тешка година. Црна Гора нема да биде […]

Масовен штрајк во Белгија поради зголемените животни трошоци


Штрајкот во Белгија, што се одржува поради зголемените животни трошоци, го принуди бриселскиот аеродром денеска да ги откаже сите патнички летови, а автобуските линии се прекинати во дел од земјата. Синдикатите соопштија дека очекуваат десетици илјади луѓе да протестираат во Брисел. Возовите сообраќаат, но делумно за да им овозможат на демонстрантите да се соберат во […]

Уште два дена на владата на Кирил Петков?


  СОФИЈА – Владата на бугарскиот премиер Кирил Петков најверојатно ќе падне со гласање за недоверба в среда, отстранувајќи ја администрацијата која вети дека ќе ја исчисти ендемската корупција во земјата и зазеде невообичаено силна позиција против Русија. Петков дојде на власт пред само шест месеци, завршувајќи ја бурната година од три општи избори со […]

Историски пораз на социјалистите во Андалузија


  Шпанската конзервативна Народна партија (ПП) постигна огромна изборна победа во неделата во најјужниот регион на Шпанија, кој историски беше најголемото упориште на социјалистите. ПП освои 58 места, повеќе од 55-те потребни за апсолутно мнозинство, во најнаселениот регион во Шпанија. Партијата повеќе од двојно го зголеми бројот на места од изборите во Андалузија во 2018 […]

„Топ ган 2“ – филм со најголема заработка во кариерата на Том Круз


 „Топ ган 2: Маверик“ (Top Gun: Maverick) ја мина границата од 800 милиони долари заработка на светско ниво, со што стана филм со најголем приход во кариерата на Том Круз. Остварувањето со тоа го мина претходниот филмски хит на Круз, „Невозможна мисија: Последици“ од 2018 година, што заработи 791,1 милион долари ширум светот. Вкупниот приход […]

Бензините поевтинуваат за 1,5 денари, дизелот поскапува 0,5 денари


Од полноќ бензините ќе поевтинат за 1,5 денар за литар, а дизелот ќе поскапи за 0,5 денари, соопшти денеска на прес конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски. Се очекува РКЕ да излезе со официјалното соопштение со цените на нафтените деривати. Инаку, зборувајќи за цените на горивата, како и за споредбите што се […]

Нема Евроазиска економска унија, туку милитантен руски империјализам


Уште пред почетокот на руската инвазија во Украина, во нашата јавност пробија резултатите од една анкетa која укажа на засилено руско влијание во Македонија. Покрај огромниот пад на перцепцијата за влијанието на ЕУ (од 34% на 9%) беше предочено дека „за првпат Македонците повеќе од етничките Албанци ги сметаат САД за повлијателни во ЕУ“. По […]

В среда и четврток многу топло со температури и до 39 степени


Утре ќе се задржи сончево и топло време, а попладне и во вечерните часови во северените делови ќе има појава на изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. В среда и четврток ќе биде многу топло, а во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер и […]