Неготинчанката Анастасија Божинова втора придружничка на Мис на Евроазија во Анталија


Неготинчанката Анастасија Божинова (18)  ја освои титулата втора придружничка на изборот за Мис на Евроазија 2022 кој синоќа се одржа во прекрасниот хотел Титаник Мардан Палас во Анталија, Турција.
Во конкуренција на 30 девојки од исто толку држави од Европа и Азија победи претставничката на Бугарија, а титулата прва придружничка ја освои мис Казахстан.
Преубавата Анастасија е членка на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој престижен интернационален избор за убавина, кој оваа година се одржа по 17 пат.