(Видео) Торнадо што траеше само една минута во Кина преврте автомобили


 

Градот Фошан на југот на Кина се најде на удар на торнадо. Иако траеше само една минута, оштетени се бројни згради, возила и сообраќајна инфраструктура.

Силното торнадо го погоди градот Фошан, а кинеската државна телевизија CCTV објави снимки на кои се гледа како летаат покриви од згради како да се од хартија, а искинати се каблите за довод на струја.

Тамошните жители на социјалните мрежи објавија снимки и фотографии на кои се гледаат превртени автомобили, паднати стебла и електрични столбови.

Торнадото, кое траеше само една минута, оштети бројни згради, возила и сообраќајна инфраструктура. Според последните податоци, нема жртви, пишува Би-би-си.