15.000 патници го чекаат својот багаж на аердоромот „Хитроу“ во Лондон


Шокантни фотографии се споделуваат на социјалните мрежи од хаосот што го зафати еден од најголемите светски аеродроми „Хитроу“ во Лондон.

Илјадници куфери и патнички торби стојат нераспределени на нивните сопственици.

Проблемот настал во петокот кога се случил технички дефект, а денеска аеродромот замоли неколку авионски компании да ги откажат своите летови за да може багажот да се подели на патниците.

Така, откажани се летови до Њујорк и Лос Анџелес, но и за Марсеј и Тулуз.

Дури 15.000 патници чекаат на својот багаж и тоа повеќе од 12 часа. Еден од патниците вели дека стресот е до таван.

За време на корона-кризата аеродромите отпуштаа работници, затоа што немаше работа. никој не патуваше. Сега пак, кога во ек се годишните одмори, се бара секој што може да биде вработен, но тоа не е лесно да се постигне.

Погледнете ги нереалните слики од аеродромот „Хитроу“.