Берлин сака да ја подари вилата на Јозеф Гебелс

Доколку не биде пронајден некој што ќе ја прифати вилата ќе биде урната


Вилата на Гебелс на 40 километри северно од Берлин (Фото: ДПА)

 

Владата на Берлин нуди да ја подари вилата некогаш во сопственост на министерот за пропаганда на Адолф Хитлер, Јозеф Гебелс, надевајќи се дека ќе стави крај на децениската дебата за тоа дали да се пренамени или да се уништи со булдожер неупотребувано место во селата северно од германската престолнина.

„На секој што би сакал да ја преземе локацијата, му нудам да ја преземе како подарок од државата Берлин“, изјави министерот за финансии на Берлин, Стефан Еверс, пред државниот парламент, објави ДПА.

Берлин постојано се обидуваше да им го предаде местото на федералните власти или на покраината Бранденбург, каде што се наоѓа вилата, наместо да продолжи да плаќа за одржување и безбедност на комплексот, кој стана обраснат и распаднат.

Еверс ја обнови таа понуда во четвртокот, повикувајќи на предлози што ја одразуваат историјата на местото. Тој не кажа дали ќе бидат разгледани и предлози од приватни лица.

  „Ако повторно не успееме, како во изминатите децении, тогаш Берлин нема друга опција освен да го изврши уривањето за кое веќе сме се подготвиле“, рече Еверс.

Гебелс, Хитлер и режисерката Лени Рифенштал

Гебелс, еден од најблиските сојузници на Хитлер, ја изградил луксузната вила во 1939 година на шумско место со поглед на езерото Богензе во близина на градот Вандлиц, околу 40 километри северно од Берлин.

Како место за одмор од Берлин, каде што живеел со сопругата и шесте деца, Гебелс ја користел вилата и претходната куќа на локацијата за да ги забавува нацистичките водачи, уметници и актери – и наводно како љубовно гнездо за тајни афери.

По војната, локацијата од 17 хектари беше користена накратко како болница, а потоа ја презеде младинското крило на источногерманската комунистичка партија, која изгради центар за обука, вклучувајќи неколку големи сместувачки блокови.

По обединувањето на Германија во 1990 година, сопственоста на локацијата се врати на покраината Берлин. Сепак, градот не најде никаква корист ода тоа. Местото оттогаш стана атракција за дневни патници кои можат да го одберат својот пат низ обраснатиот терен и да ѕирнат низ прозорците на вилата од подот до таванот.

Гебелс се вратил во Берлин во последната фаза од Втората светска војна. Тој и неговата сопруга се убија себеси и нивните деца со капсули со цијанид во бункерот на Хитлер додека советските трупи влегуваа воп градот.

Раскошниот дом на семејството на остров во Берлин беше продаден на аукција во 2011 година.  (АП)