Во наредните денови многу топло и нестабилно време


Следува период на многу топло време со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Поради зголемената влага во атмосферата ќе се има чувство дека температурата на воздухот е повисока за 1 до 2 степена, соопшти УХМР. И покрај топлото време поради влијание на циклонска активност од исток, претежно во попладневните и вечерните часови […]

Убиен уште еден новинар во Мексико, неговата ќерка во критична состојба


Мексико – Убиен е мексиканскиот новинар Антонио де ла Круз, а во нападот тешко повредена е неговата 23-годишна ќерка, соопштија властите. Четириесет и седумгодишниот Де ла Круз е убиен од огнено оружје, додека излегувал од куќата со својата ќерка во главниот град на мексиканската држава Тамаулипас, Сиудат Викторија, објави локалниот весник Експресо, за кој новинарот пишуваше. […]

„Бракот“ меѓу кралското семејство на Шпанија и Картие трае од 1904 година


Шпанија– Модната кралска кралица Летиција од Шпанија доби високи модни оценки оваа недела кога се појави во Мадрид со првата дама д-р Џил Бајден облечена во елегантен фустан од локалниот шпански дизајнер Хозе Идалго. Со оглед на тоа што Мадрид беше домаќин на Самитот на НАТО оваа недела, кралицата и нејзиниот сопруг кралот Фелипе Шести […]

Кој трепна прв во спорот меѓу Софија и Скопје


Бугарско-македонските односи ги следам од 2017 година кога требаше да се потпише Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Скопје. И тогаш бев песимист за решавање на историскиот спор. Во оваа смисла, директниот судир со ветото од ноември 2020 година не ме изненади. Но, одлуката што ја донесе бугарскиот парламент во петокот изгледа како отворање […]

Берни Еклстон: Би примил куршум за Путин


  Поранешниот извршен директор на Формула 1, Берни Еклстон го нарече рускиот претседател Владимир Путин првокласен човек и рече дека би примил куршум за него. Во бизарно интервју за Good Morning Britain 91-годишниот Еклстон одговори на прашање дали уште стои покрај својот пријател Путин. „И понатаму би примил куршум за него. Би сакал да не […]

Кратка средба на Пендаровски со Блинкен


  Претседателот Стево Пендаровски, на маргините на Самитот на НАТО во Мадрид оствари кратка средба со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен. Пендаровски ја истакнал важноста на американската поддршка за македонските европски аспирации, како и помошта во конкретни области, вклучувајќи го унапредувањето на демократијата, владеењето на правото и борбата против корупцијата. На средбата беа реафирмирани […]

Две гранати пронајдени кај Калишта


На брегот на Охридското Eзеро кај струшкото село Калишта, вчера биле пронајдени две стари гранати. Увид и обезбедување на местото извршија полициски екипи а подигнувањето на гранатите, денеска ќе го изврши претставник на Дирекцијата за заштита и спасување.

Тимови на Стопанската комора од утре на „Табановце“ ќе ги следат процедурите за влез и излез на стоки


Стопанската комора на Северна Македонија од утре до крајот на август ќе испраќа свои тимови на граничниот премин „Табановце“ за да утврди како течат постапките при увоз и извоз на стоки и дали се точни пријавите од компаниите дека нивни камиони таму се задржуваат и чекаат по три до четири дена. Тимовите ќе бидат на […]

Во Хрватска поставен прв полнач за електрични возила сместен на столб за осветлување


Во Бузин, место во Хрватска во непосредна близина на Загреб, вчера беше поставен првиот полнач за електрични возила на столб за јавно осветлување. Станува збор за тест полнач кој како дел од најавениот пилот-проект што треба да се реализира следната година во три до пет градови, ќе биде поставен на околу 200 столбови во еден […]

Мобилни лекарски тимови ќе патролираат низ центарот на Скопје за помош од топлотен бран


Мобилни екипи составени од лекар или парамедик ќе патролираат низ Скопје, ќе делат вода и летоци со совети за заштита од топлото време, ќе мерат  притисок на граѓани кои ќе се пожалат на тегоби, а за потешките случаи ќе биде обезбеден и транспорт до најблиската медицинска установа или до домот на лицето, информира Црвениот крст на […]

Завршува француското претседавање со Европската Унија


Ноќеска на полноќ завршува француското претседавање со Европската Унија. Франција мораше да ги промени своите амбициозни планови за ЕУ, по руската инвазија на Украина. Криза која не ја спречи земјата да постигне договори за важни прашања, како и досега неподигнатото бугарско вето за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија, јави дописникот на МИА. […]

Руско МО: Го напуштивме Змискиот остров во знак на добра волја


Руските сили се повлекоа од Змискиот остров во близина на украинскиот брег во Црното Море како „знак на добра волја“, соопшти денеска Министерството за одбрана. Министерството соопшти дека овој потег покажува дека Русија не ги попречува напорите на Обединетите нации за организирање хуманитарен коридор за извоз на земјоделски производи од Украина. Змискиот остров, што Русија […]

Почна пленарката за интерпелацијата на претседателот на Собранието Џафери


 Собранието на Република Северна Македонија ја почна 77. пленарна седница со единствена точка на дневниот ред Интерпелација за работата на претседателот на Парламентот Талат Џафери, поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Согласно член 49 став 1 од Деловникот, претресот по интерпелацијата трае еден работен ден, до исцрпувањето на листата на пријавените пратеници за збор, а се одлучува […]

Прв случај на мајмунски сипаници во Турција


Во Турција е потврден првиот случај на мајмунска сипаница, соопшти денеска министерот за здравство Фахретин Коџа. Според него, пациентот има 37 години и има нарушен имунолошки систем. Коџа навел дека пациентот е во изолација и дека не се идентификувани други случаи.

Продолжува трендот на раст на плаќањата со платежни картички и е-кредитни трансфери


Граѓаните продолжуваат со зголемена употреба на дигиталните канали за вршење на плаќањата, а особено на употребата на платежните картички и мобилните апликации за електронско иницирање на кредитните трансфери и во првиот квартал од 2022 година, соопшти Народната банка. Бројот на трансакции извршени во земјата со платежни картички издадени кај нас пораснал за 15,8 отсто на […]

Тупанчески: И без ВРМО-ДПМНЕ ќе почнеме да работиме на измените на Изборниот законик


И без ВРМО-ДПМНЕ ќе почнеме да работиме на измените на Изборниот законик кажа денеска министерот за правда Никола Тупанчески, кој минатата недела уште еднаш упати отворена покана до ВРМО-ДПМНЕ за да и се приклучи на Комисијата. -Пратен е уште еден допис до ВРМО-ДПМНЕ доколку не се произнесат ќе почнеме да работиме на Изборниот законик, секогаш […]

Нафтената рафинерија главна цел на руските напади на Лисичанск


Русија користи артилерија за да се обиде да го блокира украинскиот град Лисичанск, последниот дел од источниот регион на Луганската област под контрола на Киев, соопшти украинската војска.   Украинскиот Генералштаб соопшти дека нападите се случуваат околу нафтената рафинерија во градот.   Во меѓувреме, проруските сепаратисти презедоа контрола врз областа околу фабриката, објави нивниот претставник […]

„Нома“, најдобриот ресторан во светот, 2021 ја заврши без профит


Данска – Ако сте ресторан, последните две години не беа толку лесни. Тоа е вистина без разлика дали сте непознат или најдобар во светот, очигледно. „Нома“, ресторанот со три ѕвездички на „Мишелин“, кој се наоѓа на врвот на листата на 50 најдобри во светот, не можеше да оствари профит минатата година, што се случи првпат […]

Како се создаваше висока мода- модните скици на Лагерфелд се следни за продавање на аукција во Париз


Франција– За четвртиот дел од аукцијата на 6 јули во Сотби во Париз на имотот на починатиот легендарен дизајнер Карл Лагерфелд,  на ред се неговите цртежи. На претходните аукции во Монако, Париз и Келн, Германија, аукциската куќа ја продаваше неговата колекција на исклучителен мебел, ликовна уметност, колекционерски предмети, сувенири од Choupette и лични предмети кои […]