Папандреу: Крајно време е Северна Македонија и Албанија да почнат преговори со ЕУ


Сега е вистинско и крајно време да работиме со позабрзано темпо за зачленување на Република Северна Македонија и Република Албанија во Европската унија, смета поранешниот грчки премиер и шеф на дипломатијата Јоргос Папандреу. Одговарајќи на новинарски прашања во рамките на Македонски енергетски форум 2022 што денеска и утре се одржува во Охрид, забележа дека кризата […]

Ако ЕСМ ја продаваше струјата за граѓаните по пазарна ценa, поскапувањето ќе беше 150 отсто, вели Ковачевски


  Ако АД ЕСМ ја продаваше електричната енергија за граѓаните по пазарна цена, поскапувањето ќе беше 150 отсто, изјави денеска генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, на прашања на новинарите во врска со цената на струјата. Во изјава на конференцијата за енергетика МЕФ 2022, Ковачевски апелираше на поодговорни изјави од опозицијата и некои експерти […]

Бектеши: Рестрикции на струја ќе нема, иако не очекува тешка зима


Рестрикции на струја ќе нема, иако ќе биде тешка зима не само за Северна Македонија туку и за регионот и глобално поради криза во енергетиката, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши, кој учествува на МЕФ Енергетскиот форум во Охрид. – Се прават сите подготовки посебно од страна на ЕСМ за да го зголеми производството […]

Зеќири од Инфективна оди во домашен притвор


Мухамед Зеќири излегува од затворот во Шутка. Ова е одлуката на скопска Апелација која е донесена денеска. Нему му е одреден куќен притвор, а од Инфективната клиника во Скопје каде престојува скоро месец ќе биде пренесен во затворот, па со полициска придружба на домашна адреса во Чаир, Објави А1он. Апелационите судии го сменија мислењето откако […]

МЕФ22: Енергетска транзиција во вителот на најголемата енергетска криза, кого најмногу ќе погоди поскапата струја


Петтото издание на Македонскиот енергетски форум, панел кој треба да даде одговори на важните предизвици со кои се соочува земјата на планот на енергетиката и транзицијата кон зелена економија, годинава се одржува во екот на најголемата криза со енергенси и во време на нивно секојдневно поскаување. Од Владата стигнуваат пораки дека и покрај предизвиците, нема […]

Бесплатен паркинг за крводарителите и за специјализантите на Клиника


Крводарителите при дарување крв ќе можат да ги користат бесплатно паркинзите на Клинички центар и пред болницата „Осми Септември“, како и сите други затворени паркиралишта со рампа со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“. Одлуката за давање согласност на Одлуката за дополнување на Ценовникот на услугите кои ги извршува претпријатието денеска беше едногласно прифатена од советниците […]

Во Струмица отворен првиот крипто коктел бар во Македонија


South Side Cocktail Bar е прв и единствен крипто коктел бар во Македонија, сместен во срцето на Струмица и место коешто има за цел да ја промовира крипто културата во Македонија и да ги едуцира луѓето за можностите што ги носи крипто светот. „Крипто валутите сè уште се табу тема во Македонија. Затоа, решивме да […]

Во служба на туристите во Албанија ќе функционираат 29 здравствени амбуланти


Во напорите за што побезбедна туристичка сезона, во Албанија и ова лето ќе бидат отворени 29 здравствени амбуланти, кои ќе даваат 24- часовна услуга.  Во објава на социјалните мрежи премиерот Еди Рама  напиша дека на терен ќе има персонал од 160 лекари и медицински сестри, обучени за итни случаи и додава дека се обезбедени лекови и […]

„Егзит“ годинава од 7 до 11 јули


Музичкиот фестивал „Егзит“ во Нови Сад, Србија, годинава ќе се оддржи од 7 до 11 јули, под мотото „Заедно. Секогаш!“ На Петроварадинската тврдина пристигнуваат Келвин Харис, Ник Кејв и „Бед сидс“, Иги Азалеа, Џејмс Артур, раперот Маск’д Волф, Жу, „Сепултура“, Масео Плекс, Хани Дижон, Борис Брејча, Стефан Боџин, „АРТБАТ“, Денис Султа, диџеј Тенис, Анфиса Летјаго, Марки […]

Џафери не сака да се спушти на „нивото на Христијан Мицкоски“


  Во текот на расправата за неговата интерпелација, спикерот на Собранието, Талат Џафери, ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кога зборуваат, да се погледаат во огледало, отфрлајќи ги нивните обвинувања дека работи надвор од процедурите и деловникот на институцијата и дека имал навредлив однос кон опозицијата.    „Да се погледне во огледало секој што ќе стане […]

Руското бегство од Змискиот остров е стратешка победа за Украина


  Руските сили во четвртокот го напуштија стратешката испостава во Црното Море на Змискиот остров, во голема победа за Украина што може да ја олабави руската блокада за извоз на жито што се заканува да ја влоши глобалната глад. Руското Министерство за одбрана соопшти дека одлучило да се повлече од островот како „гест на добра […]

Норвешка министерка: Русија има други начини да дојде до своите населби


Норвешка не го блокира рускиот пристап до актичкиот архипелаг Свалбард, само ги применува меѓународните санкции. Русија има други начини да дојде до своите населби, тврди министерката за надворешни работи Аникен Хуитфелдт. Русија ја обвини Норвешка за спречување испорака на неопходни стоки и му се закани на Осло со одмазда порати пристапот до Свалбард. Доколку не […]

Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во маj


Просечната каматна стапка на вкупните кредити во мај оваа година изнесува 4,28 проценти и бележи месечен и годишен пад од 0,02 процентен поен и 0,28 процентен поен, соодветно, покажуваат податоците на Народната банка на Република Северна Македонија. -Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,67 отсто, што претставува месечно и годишно намалување од 0,01 п.п. […]

Од денеска почнува рокот за пријавување кандидати за советници во Општина Тетово


 Од денеска почнува рокот за пријавување на сите заинтересирани учесници на изборите за Советот на Општина Тетово и согласно роковниот, ќе трае 15 дена, заклучно со 14 јули, во подрачното одделение на ДИК во Општина Тетово. Како што информираше на денешната седница членот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко, значаен рок за учесниците на изборите […]

Почнуваат подготовки за првата Национална стратегија за oбезбеденост со храна


Поставување на основата за подготовка на интегрирана Национална стратегија за обезбеденост со храна во Северна Македонија ќе биде во фокусот на нов проект на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО). Проектот беше промовиран денеска преку настан во Скопје, организиран од ФАО и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во партнерство со Мрежата […]

Почнува реконструкција на левата страна на кејот на Вардар


Целосна реконструкција на левата страна на кејот на река Вардар, која ќе се одвива во повеќе фази со цел воспоставување на мултифункционален модерен јавен простор со ново зеленило, пешачки, вело патеки и нова урбана опрема во интерес на сите граѓани, најави денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со директорот на ЈП „Улици и […]

Протест пред владата на Црна Гора, СДП бара смена на Абазовиќ


Пред зградата на црногорската влада денеска се одржа протест против потпишувањето на Темелниот договор со Српската православна црква (СПЦ), од кој социјалдемократите побараа од Демократската партија на социјалистите (ДПС) и Социјалдемократската партија (СДП), која е дел од актуелната влада, да покрене процедура за смена на владата на премиерот Дритан Абазовиќ.   Протестот беше свикан од […]

ДКСК ненадлежна по пријава за екс директор на АД „Аеродроми“ 


Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница констатира судир на интереси односно неизземање при гласање како посебна состојба во која се нашол член на Совет на Општина истовремено претседател на Здружение на граѓани, при доделување општински буџетски средства за програмски активности на Здруженија на граѓани. ДКСК бара да се поведе постапка согласно […]

Неделава поголем број пријави за семејно насилство во Тетово


Зголемен број на пријави за семејно насилство бележи тетовската полиција оваа недела.  Карактеристично е дека сите пријави се однесуваат за настани случени во градот Тетово. -Вчера во 21 часот и 10 минути во СВР Тетово се пријавил 43-годишниот тетовец Г.Ѓ., откако претходно неговата 63-годишна мајка пријавила дека физички ја нападнал и оштетил дел од покуќнината.Исто […]

Тупанчевски: Ако се пензионираат судиите, многу процеси ќе се вратат на почеток


Министерот за правда Никола Тупанчески смета дека недонесувањето на Законот за работни односи ќе доведе до сериозни импликации на судскиот систем. ,,Доколку не бидат изгласани измените и дополнувањата во Законот за работни односи, на 60-тина судии и 13 јавни обвинители ќе им престане работниот век. Одењето во пензија на судиите и јавните обвинители ќе значи […]