Зеќири од Инфективна оди во домашен притвор
Мухамед Зеќири излегува од затворот во Шутка. Ова е одлуката на скопска Апелација која е донесена денеска. Нему му е одреден куќен притвор, а од Инфективната клиника во Скопје каде престојува скоро месец ќе биде пренесен во затворот, па со полициска придружба на домашна адреса во Чаир, Објави А1он.
Апелационите судии го сменија мислењето откако Зеќири заврши на болничко лекување, а во останатиот дел, адвокатите на Зеќири посочија исти околности поради кои бараа да се укине ефективниот притвор. Засега не е познато кога ќе го пуштат Зеќири од болничко лекување. Тој се уште се наоѓа на Инфективната клиника во Скопје. Точната дијагноза, остана непозната за јавноста. Адвокатот Александар Трајковски, еден од тројцата бранители на Зеќири за „А1он“ посочи дека здравјето на осомничениот е сериозно нарушено.