Прв случај на мајмунски сипаници во Турција

Во Турција е потврден првиот случај на мајмунска сипаница, соопшти денеска министерот за здравство Фахретин Коџа.
Според него, пациентот има 37 години и има нарушен имунолошки систем.
Коџа навел дека пациентот е во изолација и дека не се идентификувани други случаи.