Берни Еклстон: Би примил куршум за Путин


 

Поранешниот извршен директор на Формула 1, Берни Еклстон го нарече рускиот претседател Владимир Путин првокласен човек и рече дека би примил куршум за него.

Во бизарно интервју за Good Morning Britain 91-годишниот Еклстон одговори на прашање дали уште стои покрај својот пријател Путин.

„И понатаму би примил куршум за него. Би сакал да не ме болни, но сепак би примил куршум“, вели Еклстон.

„За жал, и тој како и многу бизнисмени, секако како мене, кои од време на време грешат и, кога ќе погрешите, мора да дадете сѐ од себе од тоа да се извлечете“, вели поранешниот шеф на Формула 1.

Попатно го критикуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Колку што разбирам, тој некогаш бил комичар и се чини дека сака да продолжи со таа професија. Но, Путин, кој е разумна личност, би го послушал и веројатно би направиле нешто по тоа прашање“, заклучува Еклстон.