Две гранати пронајдени кај Калишта


На брегот на Охридското Eзеро кај струшкото село Калишта, вчера биле пронајдени две стари гранати.

Увид и обезбедување на местото извршија полициски екипи а подигнувањето на гранатите, денеска ќе го изврши претставник на Дирекцијата за заштита и спасување.