ЗОИ: Втор златен медал за Холанѓанката Шутен


Холандската натпреварувачка во брзо лизгање Ирене Шутен го освои денеска златниот медал на трката на 5.000 метри на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг и тоа со време на нов олимписки рекорд од 6:43:51 минута. Ова е втор златен медал за Шутен во Пекинг, откако холандската олимпијка беше најбрза и на трката на 3.000 метри. […]

„Независен“ во Источна Украина: Напрегнат мир и живот во страв


  КРАМАТОРСК, Источна Украина – Павло Кириленко има 35 години, а одговорен е за двете најтешки функции, гувернер на цивилната и воената регионална администрација на Донецк. Негова задача е да ги задржи луѓето и да го врати моралот во безбедносно најзагрозената област во Украина. Буквално живее и работи на првата линија на фронтот и на […]

Македонија веќе не е „хибриден режим“ во рангирањето на „Економист“


  Можеби мал, но сепак голем исчекор направи Македонија во годинашново рангирање на британскиот магазин „Економист“ во нивниот „Индекс на демократијата“ за 2022 годиона, кој се однесува за 2021. Македонија во годинашново рангирање излезе од групата „хибридни режими“ и сега е во категоријата „недоволни демократии“. Македонија, Молдавија и Црна Гора се трите држави кои преминаа […]

Четири месеци затвор за професорот што нападна ученик во струшко училиште


 Пресуда од четири месеци затвор за професорот, кој во декември минатата година со метален боксирач нападна ученик во струшкото средно училиште „Ибрахим Темо“, донесе денеска Основниот суд во Струга. Судот го прогласи за виновен за сторено кривично дело „насилство“, а во изречената казна, ќе му биде пресметан и периодот поминат во притвор, до правосилноста на […]

Основците од Центар ќе учат италијански јазик


Книги, учебна литература, професори и други видови на поддршка на денешната средба договорија градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и аташето за култура во Амбасадата на Република Италија, Марко Пешетели. На средбата, која се одржа брзо по состанокот на градоначалникот на Општина Центар со амбасадорот на Италија, Н.Е. Андреа Силвестри, покрај Герасимовски и Пешетели, присуствуваа […]

ВМРО-ДПМНЕ предлага платата на наставниците во основното образование да се зголеми од 24.000 на 45.000 денари


  Опоцзицијата денеска го претстави нејзиниот предлог-амандман за услогласување на Колективниот договор во образованието, кој го најави по договорот за минималната плата. Според овој амандман, платата на наставниците во основното и средното образование треба да порасне за околу 90 отсто. Овој амандман го образложуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој рече дека со него ќе […]

Мицотакис: Со Хрватска ги делиме истите вредности за безбеден и просперитетен Балкан


 Со Хрватска, како партнери, како сојузници, ги делиме истите вредности, истите принципи за заедничка визија за безбеден Балкан, полн со проспретитет,  порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис по средбата со неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ во Загреб,  јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис денеска е во еднодневна официјална посета на Хрватска, а по средбата со […]

Неизвесно дали Ѓоковиќ ќе може да игра на Индијан Велс


Новак Ѓоковиќ е на списокот на пријавени играчи на Индијан Велс, но не е сосема сигурно дека ќе игра на овој турнир кој ќе се игра од 10 до 20 март. Организаторите на турнирот најавија дека сите тенисери мора да бидат вакцинирани. „Со оглед на тоа дека здравјето и безбедноста се приоритет, турнирот ќе бара […]

Според Мицкоски, македонските преговарачи со Бугарија биле полжави кои стигнуваат до врвот


  Уште еден напад стигна денеска од лидерот на опозицијата околу преговорите што ги водат македонските и бугарските дипломати за надминување на спорот меѓу двете земји. Христијан Мицкоски на прес-конференција изјави дека „од наша страна преговараат луѓе кои не знаат што се преговори, туку само знаат да наведнат глава и по принцип на полжавот да […]

За укинувањето на апанажата гласаа само 16 пратеници


  Ништо од укинувањето на апанажата за пратениците и именуваните функционери. Предлогот на Левица да се расправа за него доби поддршка само од 16 пратеници во Собранието доби поддршка само од 16 пратеници. Против беа 13 пратеници а другите не се ни изјаснија при гласањето. Очигледно дека Левица остана осамена во политичкиот пејсаж околу ова […]

Продажните цени на индустриските производи во декември повисоки за 16,5 проценти на годишно ниво


Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во декември лани, биле повисоки за еден процент на месечно ниво, а за 16,5 проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика. Во декември 2021, во споредба со ноември 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и […]

Париз не сака да стане Отава: Забранет францускиот „Конвој на слободата“


  Париската полиција денесак објави дека ќе го забрани протестот „Конвој на слободата“ во францускиот главен град од 11 до 14 февруари, инспириран од протестот на камионџиите во Канада против епидемиолошките мерки воведени поради корона вирусот. Демонстрантите вчера тргнаа од југот на Франција во таканаречен „Конвој на слободата“ кон Париз, каде би побарале крај на […]

Милевски и Караџов најавуваат соработка меѓу градоначалниците, ветена забрзана изградба на Клепало


Деловникот за работа на заедничката работна група за имплементација на меморандумот за соработка помеѓу министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија и министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија беше темата на средбата во Софија на министерот за локална самоуправа Горан Милевски со бугарскиот вицепремиер и министер на регионален развој и […]

Почнува Берлинале, еден од најголемите европски филмски фестивали


Германија– Во Берлин вечерва почнува 72. Меѓународен филмски фестивал (Берлинале). За главните награди ќе се натпреваруваат 18 филмови. Фестивалот ќе биде отворен со филмот „Питер фон Кант“ на режисерот Франсоа Озон, со Изабел Аџани во главната улога. Покрај него, во трката за награди се и филмовите „Со љубов и одлучност“ на Французинката Клер Дени, со […]

Шест нови членови во Друштвото на писателите на Македонија


Шест македонски автори  ќе бидат зачленети во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) кое на 13  февруари ќе одбележи 75 години постоење. -Се работи за автори кои добиле некоја од престижните книжевни награди и кои веќе се здобиле со сериозна писателска репутација. Поканата за членство во ДПМ во оваа пригода ја прифатија: Владимир Јанковски, Румена […]

Шефицата на Гринпис на чело на климатската дипломатија на Германија


  Назначувањето на шефицата на Гринпис, Џенифер Морган за германска претставничка за климата, означува нова врвна точка за промената на климатското движење во мејнстрим политиката. Но, со таа важност и моќ ќе дојде и компромис. „Меѓународната климатска политика на Германија сега има лице“, рече министерката за надворешни работи Аналена Бербок на прес-конференција со Морган во […]

Годинава економскиот раст на ЕУ изнесува четири отсто


Белгија – Европската унија ќе забележи економски раст од четири отсто во 2022 година и 2,8 отсто во 2023 година, соопшти денеска Европската комисија. Во 2021 година ЕУ имаше економски раст од 5,3 отсто. Зимските економски прогнози за 2022 година наведуваат дека Унијата како целина го достигнала нивото на бруто домашен производ (БДП) од пред пандемијата […]

На 83 години почина Милан Влајчиќ, истакнат новинар и филмски критичар


Србија- Новинарот, писател и критичар Милан Влајчиќ ненадејно почина на 83-годишна возраст во Белград. Милан Влајчиќ е роден во Белград, а дипломирал на Катедрата за општа книжевност на Теорија на литературата на Филолошкиот факултет во Белград. Книжевна критика и критика објавува од 1960 година во списанието „Дело“ и други изданија. Ги уредувал културните колумни „Студенти“ […]

Без ковид сертификати на Оскарите во март


САД- Нема да биде потребен доказ за вакцинација против коронавирус за да присуствувате на годинешните Оскари. Доделувањето на 94. Филмски награди на академијата на САД ќе се одржат на 27 март. Според британски „Гардијан“, Американската академија за филмски уметности и науки нема да бара пропусница за ковид за присуство на церемонијата. Наместо тоа, од гостите […]

Откажан Саемот на книгата во Лајпциг


Германија- Годинешниот Саем на книгата во Лајпциг беше откажан поради незаинтересираност на издавачите, кои се откажаа од учеството поради епидемиолошката состојба. Иако владата на германската покраина Саксонија овозможи нови мерки за одржување на Саемот, кој требаше да се одржи од 17 до 20 март, организаторите одлучија да го откажат. Според нив, многу големи издавачки куќи, […]