ВМРО-ДПМНЕ предлага платата на наставниците во основното образование да се зголеми од 24.000 на 45.000 денари


 

Опоцзицијата денеска го претстави нејзиниот предлог-амандман за услогласување на Колективниот договор во образованието, кој го најави по договорот за минималната плата. Според овој амандман, платата на наставниците во основното и средното образование треба да порасне за околу 90 отсто.

Овој амандман го образложуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој рече дека со него ќе се овозможи зголемување на платите во јавниот сектор.

Мицкоски рече дека перачка – пегларка, садомијач – сервирка, помошник во кујна сега има минимална плата од 15.000 денари, а со нивелирање на коефициентот ќе има повеќе од 18.600 денари.

При коригирање на платите според колективниот договор, ако се усвои нивниот амандман платата на наставниците во основното образование ќе порасне од 24.782 денари нето и ќе изнесува 45.054 денари за наставник.

Истото го предлагаат и за средните училишта. Таму професорите наместо сегашните 25.838 денари нето плата со амандманот на ВМРО-ДПМНЕ би требало да земаат 45.594 денари, рече Мицкоски.