ЕУ го вклучи и Дмитриј Песков во санкциите против Русија


Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков е еден од 26-те истакнати личности на кои Европската унија им воведе санкции поради руската инвазија врз Украина, се наведува во одлуката објавена во службениот весник на Унијата. На списокот се наоѓаат олигарси и бизнисмени кои работат во нафтениот, банкарскиот и финансискиот сектор, но и членови на руската Влада, високи […]

Дали граѓаните на САД треба да бидат загрижени поради можноста од нуклеарна војна? Бајден вели: „Не“


Американските граѓани не треба да се плашат од нуклеарна војна, изјави вечерва американскиот претседател Џозеф Бајден, еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин нареди руските сили за одвраќање, кои вклучуваат и нуклеарно оружје, да бидат ставени во состојба на висока готовност. Додека Бајден заминувал од говорницата во Белата куќа, еден од американските новинари го прашал […]

Осум држави поддржаа итно пристапување на Украина во ЕУ, меѓу нив и Бугарија


Украина заслужува веднаш да влезе во Европската унија, се наведува во отвореното писмо од претседателите на осум земји-членки на ЕУ – Бугарија, Чешка, Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Словачка и Словенија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно вечерва објави дека потпишал официјално барање неговата земја да се приклучи на Европската унија. Тој беше посоветуван писмено да ѝ […]

ЕУ стави под санкции и моќни руски олигарси


  Европската унија денеска додаде уште 26 лица на списокот со санкции наметнати поради инвазијата на Москва на Украина, вклучително и некои од најблиските луѓе на рускиот претседател Владимир Путин и неколку од највисоките олигарси во земјата. Меѓу санкционираните е Игор Сечин, извршен директор на државната нафтена компанија „Роснефт“ и поранешен заменик-шеф на администрацијата на […]

Фантазијата не е историја


Како историчар, она што најмногу ме импресионираше во врска со историскиот наратив на говорот на Владимир Путин на 21 февруари беше не само кои „историски факти“ – да ја позајмам неговата терминологија – ги употреби Путин, туку и она што го изостави. Вреди да се напомене дека самото постоење на Украина, според зборовите на Путин, […]

Собранието осветлено во сина боја за одбележување на Меѓународниот ден на ретките болести


Собранието вечерва беше осветлено во една од боите на ретките болести, односно во сина боја, со што се приклучи на одбележувањето на Меѓународниот ден на ретките болести, а во знак на поддршка на преку 300 милиони лица кои живеат со некоја ретка болест, соопшти собраниската прес-служба. Собранието, како дом на граѓаните ја дава својата силна […]

Франција ја преселува амбасадата од Киев во Лавов


Франција денеска соопшти дека ја преселила својата амбасада во Украина од главниот град Киев во Лавов на западот на земјата. По слична одлука на САД, Канада и Израел, министерот за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан рече дека Франција ја преселила дипломатската мисија поради „ризиците и заканите“ со кои се соочува главниот град на Украина.

Италија прогласи вонредна состојба за да се справи со украинските бегалци


 Италијанската Влада прогласи вонредна состојба до крајот на годината за да се справи со очекуваниот прилив на бегалци од Украина, одлучи денеска Советот на министри во Рим. Со таквиот потег Владата може да преземе итни мерки во одредени случаи без претходни консултации во Парламентот. По руската инвазија врз Украина, Италија, каде живее голема украинска заедница […]

Конвој руски возила и тенкови долг 27 километри оди кон Киев


  Конвој руски тенкови и други воени возила што се упатуваат кон Киев се протега на дури 27 километри, пренесува Ројтерс. Сателитските снимки од конвојот ги направи „Максар“ во понеделникот попладне, а од нив се открива дека конвојот се наоѓа во близина на аеродромот Антонов, за кој последните денови се водат жестоки битки. Ако ова […]

ФИФА и УЕФА ја исфрлија Русија од сите натпреварувања


Светската и Европската фудбалска федерација, ФИФА и УЕФА, ги суспендираа сите руски екипи и репрезентации од нивните натпреварувања. Оваа одлука ја донесоа највисоките тела на двете федерации, Советот на ФИФА и Извршниот комитет на УЕФА. „По првичните одлуки кои ги усвојува Советот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) и Извршниот комитет на Европската фудбалска федерација (УЕФА), […]

Путин останува на своите барања, Русите жестоко го гранатираа Харков


  Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот реши да не се повлекува ни за педа во своите барања од Западот и наместо тоа одговори на отпорот на Украина и западните санкции со жестоко бомбардирање на цивили во североисточниот град Харков. Нападот врз вториот по големина град во Украина се чинеше дека означи алармантна ескалација на […]

Путин со контрасанкции


Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за примена на специјални економски мерки против САД и земјите што им се приклучија, како одговор на санкциите воведени против Русија поради агресијата врз Украина. Уредбата предвидува учесниците во надворешноекономската дејност да продадат 80 отсто од девизните средства добиени од странство од 1 јануари годинава. Правилото важи и за […]

Бугарија евакуира 200 лица од Одеса меѓу кои и македонски и американски државјани


Бугарската министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска на вонреден брифинг соопшти дека денеска сите бугарски државјани кои се наоѓаат во Украина и изразиле желба за евакуација од Киев и околината, имаат можност за итна евакуација. Како што јави дописникот на МИА од Софија, во моментов Украина ја напуштаат четири автобуси и сите автомобили на бугарскиот конзулат […]

Промоција на евровизиската песна „Circles“ во Црна Гора


На покана на Радио и Телевизија Црна Гора, македонската евровизиска претставничка Андреа викендов беше гостинка во Подгорица, Црна Гора. Андреа зема учество во специјална евровизиска емисија „12 поени за Црна Гора“, чиј домаќин беше Владана Вучиниќ, која годинава во Торино ќе настапи за Црна Гора со песната „Breathe“. Владана е автор на песната „Breathe“, а […]

Украина бара „влез“ во ЕУ по посебна процедура, додека во „чекалната“ веќе има пет земји


Украина – Украина денеска упати барање до Брисел да и се дозволи да се приклучи на Европската унија по посебна процедура, и тоа во момент кога државата се брани од инвазија на руските сили. Последното проширување на блокот е пред девет години со влезот на Хрватска, додека во „чекалната“ се пет земји. Ова е кус историјатат […]

Владата со препорака до кабелските оператори да се исклучат руските канали во државата


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да им укаже на кабелските оператори во Северна Македонија да ги исклучат каналите каде како основач се јавува Руската Федерација или приватни лица, правни или физички лица со потекло од оваа држава, препорача Владата на Република Северна Македонија. Овие мерки се преземаат и во другите земји во Европа, […]

Пазарот во Вухан, а не кинеска лабораторија е изворот на коронавирусот, велат две студии


САД– Меѓународните научници во саботата објавија две големи студии за кои еден учесник рече дека е „извонредно јасно“ дека пазарот во Вухан, Кина, е изворот на коронавирусот што ја предизвика пандемијата „Ковид-19“ – а не кинеска владина лабораторија, теорија за што се залагаат десничарски активисти, колумнисти и политичари од САД. Прашањето од каде потекнува Ковид-19 […]

Промовирана нова поштенска марка посветена на ретката болест Епидермолизис булоса


На датумот кога се одбележува Денот на ретките болести, 28 февруари „Македонска пошта“ објави марка во чест на болните деца со Булозна епидермолиза. Денеска заврши националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“ и секоја година „Македонска пошта“ пушта во оптек ретка поштенска марка. Ова е четврта ретка поштенска марка до сега. Булозната епидермолиза е ретка генетска […]

Планетариумот во МКЦ по двегодишна пауза почнува со работа


По двегодишна пауза, Планетариумот во МКЦ од утре ќе почне со работа со што заинтересираните повторно ќе имаат можност да учат за планетите, за ѕвездите, за сите светли и темни нешта во вселената, за сè околу нас. Предавањата ги реализираат ценетите предавачи Моника Пешевска и Радан Митровиќ. Предавањата се адаптирани според возраста на посетителите. Условите […]

Руските екипи исклучени од Евролигата и Еврокупот


 Раководството на кошаркарската Евролига ги суспендираше руските клубови од учество на турнири под покровителство на организацијата. Во соопштението на Евролига се вели и дека во случај на „неповолен развој на ситуацијата“, резултатите од сите натпревари во кои учествуваат руски тимови ќе бидат поништени. Така од учество во Евролигата се исклучени ЦСКА Москва, Зенит од Санкт […]