Црна Гора има залихи на храна и гориво за два-три месеци


Црна Гора има залихи на храна и гориво за следните два-три месеци, изјави денеска државниот секретар во Министерството за економски развој на Црна Гора, Милена Липовина Божовиќ. – Ќе ја следиме ситуацијата на терен, доколку има потреба ќе реагираме, сето тоа согласно законските прописи, изјави таа на прес-конференција. Божовиќ додаде дека земјата е осудена да […]

Русија им забрани на жителите да префрлаат пари во странство


Русија – Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот им забрани на жителите да префрлаат пари во странство, како дел од мерките за поддршка на рубљата, чија вредност драстично падна како резултат на санкциите на Западот поради руската инвазија врз Украина. Во декретот потпишан од Путин, исто така, се вели дека од извозниците ќе се бара да […]

„Господарот на перото“ – избор поезиjа од Радован Павловски на руски јазик


По иницијатива на Олга Панкина, преведувач и популаризатор на македонската литература во Русија, од печат излезе избор поезија на руски јазик, од истакнатиот македонски поет Радован Павловски насловена „Господар на перото“. Руското издание содржи околу 200 лирски единици и има задача да ја збогати претставата на рускиот читател како за неговото исклучително творештво, така истовремено и за […]

И Македонија ќе донира воена опрема за Украина


Владата на Македонија се придружува на поддршкате на сојузниците во НАТО и партнерите во ЕУ, и донесе одлука за донација на воени средства и опрема за официјалните вооружени сили на Украина. Како што информираат од владината прес-служба, видот на средства кои се донираат се согласно барањата на Украина. Какви се тие барања не се наведува, […]

Вучиќ: За три дена остарев колку за 10 години


  Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека ситуацијата околу Украина „воопшто не е наивна“ и рече „дали да ги потсетувам што ѝ правеа на Србија“. Вучиќ беше на отворањето на погонот на фабриката „Вакер Нојсон“ во Крагуевац и беше запрашан дали Србија ќе ги сноси последиците од невоведувањето санкции кон Русија, како и за […]

Санкциите кон Русија ќе ги чинат и европските граѓани, ќе поскапи енергијата, но и другите производи


Брисел, 28 февруари 2022 (МИА) – Првиот дипломат на ЕУ, Жозеп Борел, ги предупреди граѓаните дека санкциите на ЕУ против Русија ќе предизвикаат зголемување на цените, но дека мора тоа да се прифати во име на Украина, јави дописничката на МИА од Брисел. Европската Унија очекува противмерки од Русија наскоро, иако за сега не се […]

Продолжува поддршката од ЕБОР, во фокусот проекти од инфраструктурата и енергетиката


Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со заменик-претседателот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска во Лондон оствари средба со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо, во рамките на Инвестицискиот самит за Западен Балкан. Како што соопшти прес-службата на Владата, Ковачевски како исклучително позитивна ја оцени соработката […]

Макрон зборувал со Путин


  На барање на украинската влада, францускиот претседател Емануел Макрон разговарал со неговиот руски колега Владимир Путин, се вели во соопштението на Елисејската палата: „Претседателот го повтори барањето на меѓународната заедница [Русија] да ја прекине својата офанзива против Украина и ја потврди неопходноста од итно воспоставување прекин на огнот. Со разговорите за прекин на огнот […]

Тутунски комбинат Прилеп со добивка од над два милиони евра


Тутунски комбинат АД Прилеп во 2021 оствари добивка во износ од 134,7 милиони денари (2.2 милиони евра), информира компанијата преку Македонската берза. Ова е трета година по ред, по 20 години поминати како еден од најголемите загубари во земјава, ТКП да прокнижува добивка од работењето. Во 2019 година добивката изнесуваше 39.220 илјади денари, а во […]

Досега ниту еден македонски државјанин не е повреден или загинат во Украина


Министерството за надворешни работи одблиску ја следи состојбата и ги вложува сите напори за да им излезе во пресрет на нашите државјани кои имаат побарано асистенција за нивна евакуација.  Министерството за надворешни работи навремено информираше за влошувањето на безбедносната состојба со постојани апели за напуштање на Украина додека тоа беше сѐ уште изводливо, нешто што над 20 […]

Цената на пченката повторно скокна на европскиот пазар


Цената на пченката денеска повторно скокна на европскиот пазар во контекст на блокираните украински пристаништа и се уште затвореното Азовско Море. Напладне на берзата Еуронекст, тон пченка за испорака во март поскапе за 31,75 евра на 321 евро, а јунските договори додадоа 15,75 евра на 284 евра. И пченицата поскапе, но не толку нагло, бидејќи […]

Роман Абрамович во Белорусија помага во преговорите меѓу Русија и Украина


– Руско-израелскиот милијардер Роман Абрамович престојува во Белорусија на барање на Киев, со цел да помогне во преговорите меѓу Русија и Украина за ставање крај на конфликтот. Абрамович, сопственикот на лондонскиот фудбалски клуб Челзи, бил побаран од Украинците да помогне и тој отпатувал за Белорусија за да учествува во дискусиите, објави израелскиот весник „Џерузалим пост“. Делегации […]

ОКТА: Профитабилноста се враќа на ниво пред кризата


ОКТА ги објави годишните финансиски резултати, со добивка пред камати, даноции амортизација (ЕБИТДА) која достигна 839 милиони денари, значително надминувајќи ги 630 милиони денари остварени во 2020 година, со соодветна добивка пред оданочување во висина од 453 милиони денари (околу 7,3 милиони евра), соопшти компанијата. Во четвртиот квартал  добивката пред камати, даноци и амортизација достигнала […]

Евровизиската претставничка Андреа дел од кампањата „Нашите миленици се наше семејство, не ги напуштајте!“


Зоолошката градина „Скопје“ и ЈП „Лајка“ со поддршка од Град Скопје почнаа заедничка кампања „Нашите миленици се наше семејство, не ги напуштајте!“. Како што информираат од ЗОО Скопје, кампањата е со цел подигање на свеста против напуштање на милениците и одговорно сопствеништво. Во оваа кампања, се вклучија и наши познати личности кои се љубители на […]

Швајцарија се приклучи на санкциите на ЕУ, ги замрзнува имотите


  Швајцарија одлучи целосно да ги одобри санкциите на ЕУ, објави претседателот Игнацио Касис. Тој мислеше на санкциите воведени до петок, но не во текот на викендот. Имотот на наведените лица ќе биде веднаш замрзнат, рече тој, вклучително и оние што би можеле да ги поседуваат претседателот Владимир Путин, премиерот Михаил Мишустин и министерот за […]

Три дена нема трага од 10-годишниот Петар, сослушани родителите


Трет ден се трага по исчезнатиот 10-годишен Петар. Нему му се загуби секаква трага во петокот попладнето од селото Врбско во Мариово. Не даде резултат и досегашната полициска потрага, потрагата од доброволци, од спасувачката служба, на пожарникари, со хеликоптер. И денеска потрагата продолжува, информираат од СВР Битола. Вклучени се 100-тина полицајци со хеликоптерска поддршка. Во […]

Нови 183 случаи на Ковид-19, 845 оздравени и девет починати лица


Министерството за здравство информира согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа од 1.362 направени тестови, регистрирани се 183 нови случаи на КОВИД-19, оздравени се 845 и починале девет лица. Регистрираните 183 нови случаи на КОВИД-19 се во: Скопје 135, Кавадарци и Струмица по 7, Куманово 6, Гевгелија 5, Прилеп, Штип […]

Додека преговараат Русите го бомбардираат зверски Харков (ВИДЕО)


Ужасни сцени се гледаат од Харков, градот што е најсилно под удар на руските сили, додека нивната делегација во Белорусија наводно бара мирно решение за конфликтот. This is what they are doing now to Kharkiv – a city that they totally believed was part of the "Russian world". What will they do to the OTHERS?? […]

Хакирани веб-страниците на повеќе руски медиуми


  Веб-страниците на неколку руски медиуми беа хакирани во понеделникот, а на нивните почетни страници се појави порака за осуда на инвазијата на Москва на Украина. Државната новинска агенција ТАСС, прокремљскиот весник „Известија“, петербуршкиот сајт за вести „Фонтанка“ и голем број други настрадаа од хакерскиот напад во понеделникот попладне. Независната информативна страница „Медуза“ објави слики […]

САД ги блокираа бизнисите на Американците со руските банки


САД ги блокираа Американците од каков било бизнис што ја вклучува руската централна банка и воведоа санкции против клучната институција – Руски суверен фонд, соопшти Министерството за финансии во Вашингтон. Санкциите се насочени и кон рускиот Фонд за национално богатство и Министерството за финансии на Руската Федерација, се вели во официјалното соопштение.