Сириза е против Грција да испраќа воена помош на Украина


  Главната грчка опозициска партија Сириза рече дека е против одлуката на владата да испрати оружје во Украина. „Да – за испраќање хуманитарна помош и поддршка на бегалците, не – за испраќање воена опрема“, објави на социјалните мрежи портпаролот на левичарската партија Сириза Насос Илиопулос. Комунистичката партија, исто така, рече дека се против испраќање воена […]

Граѓаните што поседуваат оружје треба да ги заменат дозволите


Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека согласно одредбите од членот 34 од Законот за изменување и дополнување на Законот за оружјето, рокот за замена на дозволите за поседување и носење на оружје, овластување за носење на оружје и дозволите за поседување на оружје, издадени согласно Законот за набавување, поседување и носење на оружје […]

Русија ги забрани авиокомпаниите од 36 земји


  Русија во понеделникот им забрани на авиокомпаниите од 36 земји, вклучително и Велика Британија, Германија, Шпанија, Италија и Канада, да го користат рускиот воздушен простор во одмазднички потег по опсежните санкции насочени кон нејзиниот авијациски сектор. И Македонија беше меѓу земјите кои воведоа забрана за руските авиони над нејзиното небо.

Великоруси, Белоруси и мали Руси-Украинци


Неколку руски медиуми под контрола на државната пропагандна машина во Русија објавија деновиве ист текст со кој се оправдува и објаснува воената агресија врз Украина и се велича храброста на Путин да го направи тоа што морало одамна – враќањето на Русија во својата „историска големина“. Русија ја враќа својата историска полнота, го собира рускиот […]

Украинските војници од Змискиот остров се живи


  Украинските војници од Змискиот остров во Црното Море се живи, објавија украинските медиуми, повикувајќи се на официјални владини тела. Вчера беше објавено дека војниците можеби се живи. Украинските медиуми јавуваат дека војниците во моментов се руски затвореници. Змискиот остров се наоѓа во водите на Црното Море близу до украинско-романската граница и често беше предмет […]

Првата дама Ѓоргиевска: Наша морална и човечка должност е да им помагаме на лицата со ретки болести


Болеста не и не смее да биде причина за изолација, стигматизација, маргинализација. Напротив болеста е состојба што не повикува на емпатија, на солидарност, на помош. Дури и да нема лек за телото, ваквиот пристап е лек за рана на душата, бидејќи пациентите и нивните семејства чувствуваат дека се ислушани, почитани и поддржани од општеството и […]

Сали: Нема потреба од продолжување на скринингот кај учениците, во фаза сме на смирување на четвртиот бран


Министерот за здравство Беким Сали смета дека согласно резултатите, нема потреба да се продолжи скринингот кај учениците, бидејќи процентот на инфицирани ученици е многу мал. Тој напомена дека бројките на новозаразени секојдневно се следат и сега се наоѓаме во фаза на смирување на четвртиот бран. – Според досегашните резултати сметаме дека нема потреба да се […]

Јанез Јанша: Западот мора да го спречи Путин, инаку ќе има домино ефект


  Западот мора да го спречи рускиот претседател Владимир Путин сега, бидејќи ако падне Киев, тоа ќе има последици за целиот Исток на Европа, изјави словенечкиот премиер Јанез Јанша во интервју за „Еурактив“ „Јас сум 100 отсто убеден дека ако Русија не биде запрена во Украина и падне Киев, тогаш следната цел е Молдавија, Грузија, […]

Пензиските фондови со најголемо учество во останатите финансиски институции


Во четвртиот квартал на 2021 година, вкупните средства на останатите финансиски институции, достигнаа ниво од 165.579 милиони денари и се зголемија за 7.762 милиони денари на квартално ниво. Структурата на средствата, укажува дека најголемо учество од 65,6 проценти имаат пензиските фондови, а по нив следуваат осигурителните друштва, со учество од 17,7 проценти, објави денеска Народната […]

Румен Радев не е за смена на министерот за одбрана по неговите изјави за инвазијата на Украина


  Бугарскиот претседател Румен Радев не е наклонет на предлогот на премиерот министерот за одбрана Стефан Јанев да биде разрешен од функцијата поради неговите несоодветни изјави за руската инвазија на Украина. „Смената на министерот за одбрана среде воена криза во соседството е ризик за кој е одговорна владејачката коалиција. При изборот на министер мнозинството мора […]

„Македонија 2025“ Отворен повик за 14-то издание на проектот ЛИДЕР за развој на бизнис и претприемништво


Македонија2025 го објави отворениот повик за проектот ЛИДЕР, кој по 14-ти пат ќе се одржи од 3-ти до 14-ти мај 2022 година во Скопје. Проектот го реализираме во соработка со Ivey Business School – Western University, кои ја организираат програмата уште од 1991-та година. Оваа програма претставува десетдневна MBA (Management and Business Administration) обука, која ги охрабрува и […]

Како Путин ја направи ЕУ повторно „голема“


БЕРЛИН – Владимир Путин штотуку го постигна невозможното: вистинско европско единство. Неиспровоцираната инвазија на рускиот претседател на Украина ги обедини Европа и трансатлантската сфера како ништо друго од падот на Берлинскиот ѕид, бидејќи дури и неговите поранешни сојузници на континентот го напуштија во текот на викендот. Од Софија до Стокхолм, внатрешните поделби на Европа за […]

Се откажуваат резервациите во Банско: „Блиску сме до случувањата“


  Поради моменталната ситуација во Украина, во бугарското скијалиште Банско се откажуваат резервациите. Туристичките експерти сметаат дека бројот на откажани одмори ќе продолжи да расте, како за крај на зимската, така и за почетокот на летната сезона. „Во моментот во Банско има најмногу туристи од Велика Британија и од Израел, ги има и од Русија, […]

„Пари“: Што можевме да купиме порано, а што сега за една просечна плата?


Од утре се одмрзнуваат цените на основните прехранбени производи, а се ограничува трговската маржа за леб, шеќер, сол, брашно – тип 400, сурово сончогледово масло и сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, свежо месо и сувомеснати производи, сирење и урда, ориз, јајца, тестенини, пченица, овошје и зеленчук.  Според […]

За Стопанската комора на северозападна Македонија санкциите кон Русија беа очекувани, кризата може да ги намали инвестициите


Ние сме полноправна членка на НАТО и токму поради тоа треба да се прилагодиме кон глобалните политики кои се во интерес на Алијансата, а кои целат кон мир и стабилност во светот, особено во земјите-членки. Имајќи ја предвид и нашата евроатлантска определеност, поддржувањето и воведувањето на санкциите кон Русија беше сосема очекувано, смета Стопанската комора […]

Паркингот поевтинува од утре


Од утре поевтин паркинг во зонското паркирање во Скопје. Цената за паркирање во зона А0 се намалува од 100 на 75 денари, во зона А од 50 се намалува на 40 денари, во зона Б од 40 на 30 денари, а во зоните Ц и Д паркирањето поевтинува од 30 на 25 денари за 1 […]

Почнаа разговорите меѓу Украина и Русија


  Во местото Припјат на белоруско-украинската граница почнаа разговорите на Украина и Русија за прекин на огнот. Украина соопшти дека нејзината цел на разговорите е „моментален прекин на огнот и повлекување на руските трупи“. Во нејзината делегација има неколку високи функционери, но не и самиот претседател Володимир Зеленски. Кремљ одби да ја коментира својата цел […]

МНР ги повика македонските државјани да ја напуштат Русија


Министерството за надворешни работи упати апел до нашите граѓани кои престојуваат на територијата на Руската Федерација, да заминат од земјата и да ги искористат се уште расположливите комерцијални летови, копнени и морски линии за напуштање на таа земја. Како што се наведува во соопштението од МНР, предупредувањето следи поради можноста да дојде до целосен прекин […]

Без вода дел од Чаир, Железара и Бутел 2


Поради дефект на затворач на крстосницата на улицата „Втора македонска бригада“ со булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од населбите Чаир, Железара и Бутел 2. Како што соопштија од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11 часот до санација на дефектот.  

Буфон го продолжи договорот со Парма до 2024 година


Голманот Џанлуиџи Буфон го продолжи договорот со Парма, соопшти прес-службата на италијанскиот клуб. Новиот договор е со важност до 2024 година. Четириесет и четиригодишниот Буфон потпиша со Парма минатото лето. Претходниот договор беше со важност до 2023 година. Оваа сезона голманот одигра 23 натпревари во Серија Б, на кои прими 23 гола. Буфон веќе играше за […]