Се откажуваат резервациите во Банско: „Блиску сме до случувањата“
Поради моменталната ситуација во Украина, во бугарското скијалиште Банско се откажуваат резервациите.
Туристичките експерти сметаат дека бројот на откажани одмори ќе продолжи да расте, како за крај на зимската, така и за почетокот на летната сезона.
„Во моментот во Банско има најмногу туристи од Велика Британија и од Израел, ги има и од Русија, Романија, Молдавија. Воениот судир сигурно ќе има негативно влијание на туризмот сега и во иднина. Претпоставувам дека откажувањата ќе продолжат, особено до Русија и од Молдавија“, рече менаџерот на еден хотел во Банско за БНТ.
„Со оглед на тоа дека летовите се сопрени и дека ситуацијата е исклучително тешка и непредвидлива, мислам дека 100 отсто од сето до сега ќе биде откажано. Војната не е добра за никого, а војната не носи успех на туризмот. Бугарија е многу блиску до акцијата и случувањата и многу сме загрижени, особено поради летниот туризам, затоа што таму кадешто нема странски туристи, странец нема да сака да се одмара на брегот на Црното Море или во планините“ рече Малин Бистрин, претседател на туристичкиот бизнис во Банско.
„Нашето внимание е насочено кон домашните туристи“, додаде тој.