Без вода дел од Чаир, Железара и Бутел 2


Поради дефект на затворач на крстосницата на улицата „Втора македонска бригада“ со булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од населбите Чаир, Железара и Бутел 2.

Како што соопштија од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11 часот до санација на дефектот.