Сириза е против Грција да испраќа воена помош на Украина
Главната грчка опозициска партија Сириза рече дека е против одлуката на владата да испрати оружје во Украина.
„Да – за испраќање хуманитарна помош и поддршка на бегалците, не – за испраќање воена опрема“, објави на социјалните мрежи портпаролот на левичарската партија Сириза Насос Илиопулос.
Комунистичката партија, исто така, рече дека се против испраќање воена опрема.
Грчката влада во неделата објави дека ќе испрати два авиони „Ц-130“ наполнети со одбранбен материјал за Украина во Полска, составени од експлозиви, пушки и фрлачи, според официјални лица во Министерството за одбрана.