Паркингот поевтинува од утре


Фото: Б. Грданоски

Од утре поевтин паркинг во зонското паркирање во Скопје. Цената за паркирање во зона А0 се намалува од 100 на 75 денари, во зона А од 50 се намалува на 40 денари, во зона Б од 40 на 30 денари, а во зоните Ц и Д паркирањето поевтинува од 30 на 25 денари за 1 час.

Од надлежното ЈП „Градски паркинг“ – Скопје порачаа дека со ова се исполнува едно од главните ветувања на новото раководство за граѓаните на Скопје.