Досега ниту еден македонски државјанин не е повреден или загинат во Украина


Министерството за надворешни работи одблиску ја следи состојбата и ги вложува сите напори за да им излезе во пресрет на нашите државјани кои имаат побарано асистенција за нивна евакуација.

 Министерството за надворешни работи навремено информираше за влошувањето на безбедносната состојба со постојани апели за напуштање на Украина додека тоа беше сѐ уште изводливо, нешто што над 20 наши државјани го искористија. Во моментот продолжуваат напорите за извлекување на нашите државјани од Украина и МНЕ е во директен контакт со сите пријателски земји и сојузници, и во моментов тоа е врвен приоритет на Министерството.

Во Украина состојбите стануваат сѐ посложени, но информациите во моментот говорат дека ниту еден наш државјанин не е повреден, ниту се наоѓа под директна закана за својот живот.

-Информациите се менуваат од час во час, и истите во овој момент ниту од безбедносен, ниту од практична причина не можеме да ги споделуваме. Очекуваме поцелосна информација со завршување на денот, и истите потоа ќе бидат објавени, соопштија од МНР.